Воведен курс по астрономија 2026

0

Воведен курс по астрономија 2026

Со почеток од 9 март 2026 година, Скопско Астрономско Друштво го организира редовниот Воведен курс по астрономија. Придружете ни се, затоа што учењето го правиме забавно, а овие предавања се одлична можност да се запознаете и со нашата работа и доколку сакате да ни се придружите како членови.

Целта на курсот е посетителите да се запознаат со основните принципи и факти од областа на астрономијата, без да им бидат потребни предзнаења од оваа наука. Астрономските термини и објекти ќе ги претставиме преку секојдневни примери, многу слики, анимации, неколку важни равенки и секако, набљудувања со телескопи.

Предавањата ќе се одржуваат два пати неделно – понеделник и среда , во училна 122 на Факултетот за електротехника и информатички технологии (ФЕИТ) со почеток од 18:30 часот.

Курсот ќе започне на 9.03.2025 (понеделник). Предвидени се 10 термини, од кои два надвор од ФЕИТ: во Планетариумот при Младинскиот Културен Центар во Скопје и теренско набљудување на ноќното небо.

За да се пријавите на курсот неопходно е да го пополните следниот формулар. Цената на курсот е 2500 денари и се уплаќа пред почетокот на првото предавање.

Во цената се вклучени:

  • скрипта со материјали од курсот;
  • посета на Планетариумот;
  • набљудувања со телескопи;
  • Сетификат за посетување на курсот

*За студентите од ФЕИТ и МФ (со приложен индекс) курсот е 1500 денари.

Важно: Курсот не го препорачуваме за деца под 14 години.

За повеќе информации пишете ни на kontaktastronomija@gmail.com или јавете се на 076 439 027.

Благодарност до Факултет за електротехника и информациски технологии – ФЕИТ за поддршката.

 

Сподели.