Последните фотографии од вселенското летало Нови хоризонти (New Horizons) на НАСА ги воодушеви научниците. На спектакуларните фотографии се забележуваат волшебните ледени планини на Плутон и потоци од замрзнат азот, па целосниот изглед на планетата потсетува на Арктикот.
На следнава фотографија опфатени се 1250 километри од површината на Плутон. Фотографијата е направена на 14 јули, а добиена е на Земјата на 13 септември. На неа се забележува разновиден релјеф и продолжена атмосфера благодарение на позадинското светло од Сонцето. „Оваа фотографија создава чувство како да сте таму, на Плутон“, изјави Ален Стерн, главен изстражувач на Нови хоризонти.

Заслуги: NASA/JHUAPL/SwRI
Оваа фотографија открива нови детали за замаглената азотна атмосфера на Плутон. На фотографијата се забележуваат повеќе замаглени тенки слоеви кои се протегаат до 100 км над површината.

Заслуги: NASA/JHUAPL/SwRI
Источно од огромната ледена површина која неофицијално е именувана како рамнина Спутник (Sputnik Planum) се наоѓа светла област која се чини дека е покриена од овие мразови, кои може да испаруваат од површината на Спутник и тогаш да се поместат кон исток. На оваа фотографија може да се забележат и глечери кои се враќаат повторно кон рамнината Спутник, слично како глечерите кои се наоѓаат на Гренланд и Антарктик.

Заслуги: NASA/JHUAPL/SwRI
„Плутон на овие фотографии многу потсетува на Земјата“, додаде Ален Стерн.

Заслуги: NASA/JHUAPL/SwRI
Превод: Дарко Рафаиловски
Извор: NASA