Воодушевувачки панорами на Плутон

0

Последните фотографии од вселенското летало Нови хоризонти (New Horizons) на НАСА ги воодушеви научниците. На спектакуларните фотографии се забележуваат волшебните ледени планини на Плутон и потоци од замрзнат азот, па целосниот изглед на планетата потсетува на Арктикот.

На следнава фотографија опфатени се 1250 километри од површината на Плутон. Фотографијата е направена на 14 јули, а добиена е на Земјата на 13 септември. На неа се забележува разновиден релјеф и продолжена атмосфера благодарение на позадинското светло од Сонцето. „Оваа фотографија создава чувство како да сте таму, на Плутон“, изјави Ален Стерн, главен изстражувач на Нови хоризонти.

Воодушевувачки панорами на Плутон

Заслуги: NASA/JHUAPL/SwRI

Оваа фотографија открива нови детали за замаглената азотна атмосфера на Плутон. На фотографијата се забележуваат повеќе замаглени тенки слоеви кои се протегаат до 100 км над површината.

Воодушевувачки панорами на Плутон

Заслуги: NASA/JHUAPL/SwRI

Источно од огромната ледена површина која неофицијално е именувана како рамнина Спутник (Sputnik Planum) се наоѓа светла област која се чини дека е покриена од овие мразови, кои може да испаруваат од површината на Спутник и тогаш да се поместат кон исток. На оваа фотографија може да се забележат и глечери кои се враќаат повторно кон рамнината Спутник, слично како глечерите кои се наоѓаат на Гренланд и Антарктик.

Заслуги: NASA/JHUAPL/SwRI

„Плутон на овие фотографии многу потсетува на Земјата“, додаде Ален Стерн.

Заслуги: NASA/JHUAPL/SwRI

Превод: Дарко Рафаиловски

Извор: NASA

Сподели.