Меѓународната Вселенска Станица (International Space Station – ISS) прави пренос на видеа во висока дефиниција на Земјата во изминатава година, но отсега ќе може да слика четири пати подобро. Нова камера од компанијата UrtheCast сега работи и може да снима во 4K Ултра висока дефиниција.
За разлика од видеото кое се пренесува на страната на НАСА, видеата со новата камера ќе се поставуваат на youtube каналот ReelNASA. Ултра HD видеото има резолуција од 3840×2160 – тоа е 4 пати повеќе од пикселите на 1080p видео. Старата камера е наместена на широк агол, што значи дека снима поголем дел од површината. Но, новата камера е направена да работи како камера која зумира на површината. Резолуцијата е толку јака што може да се гледаат коли како возат по патиштата на Земјата. Камерата има резолуција од 1 метар што значи дека секој пиксел на сликата може да е 1 метар. Тоа не е толку добро како камерите на сателитите WorldView 3 кои имаат резолуција од 30 cm, но ова е видео наместо слика.
Камерата се состои од два инструменти. 4K видеото доаѓа од Iris камерата додека 25 MP слики може да се направат со камерата Theia. Двете се донесени на станицата во 2013 година и инсталирани на рускиот модул „Ѕвезда“. Ирис е поставена на ротирачка платформа која дозволува камерата да остане насочена кон целта додека станицата се движи со 17.000 милји на час.
Превод: Максим Осман-Николов
Извор: Extreme Tech