Земјата не е недопирлива тврдина. Таа е под постојано бомбардирање на вселенски карпи; се проценува дека милиони метеори дневно ја погодуваат атмосферата, иако не многу од нив го преживуваат патувањето низ атмосферата. Затоа би помислиле дека некој, некаде би бил погоден и убиен од парче вселенски остаток низ годините, но историските записи се зачудувачки празно од сигурни извештаи за тоа.
Дури и огромниот метеорит Челјабинск во 2013 година, кој експлодираше во атмосферата не уби никој; сите пријавени повреди биле од ефектите на ударниот бран, а не паѓачки метеорити. Маж трагично убиен во експлозија во Индија во 2016 година, беше широко објавено дека е прва ваква смрт – но, според експертите на НАСА, таа експлозија не била предизвикана од ништо вонземско. Според она што го знаеме смрт од метеорит е ретка појава; единствената потврдена жртва на удар од метеорит е жена по име Ен Хоџис, која лежела на својот кауч во 1954 година кога карпата падна низ нејзиниот покрив и ја удри во колкот. Карпата била потврден дека е вонземски. Хоџис преживеала.
Но, оваа година најдени се првите официјални докази. На 22 август 1888 година, според три документи пронајдени во Генералниот директорат на државните архиви на Претседателството на Република Турција, метеорит удрил и убил еден човек и парализирал друг во денешна Сулејманија во Курдистанскиот регион, Ирак. Иако не постои карпа за да се провери извештајот од 1888 година, архивските документи се многу убедливи.
Документите се писма напишани од локалните власти кои го пријавувиле инцидентот до владата. На 10 август од јулијанскиот календар (22 август на Грегоријанскиот календар), се вели во писмата, околу 20:30 часот навечер, по локално време, на небото се видела голема огнена топка. По овој настан, метеоритите паднале „како дожд“ од небото во период од околу 10 минути на едно мало село, што резултирало со смрт на еден неименуван човек, а парализа на друг. Покрај тоа, било соопштено оштетување на земјоделските култури. Документите неодамна биле пренесени во дигитална архива и биле напишани на тешкиот отомански јазик, што објаснува зошто тие не биле откриени порано.
Превод: Бојана Стефаноска