TESS ја открива првата блсика Супер-Земја

0

Меѓународен тим на астрономи воден од Лиса Калтенегер го карактеризираше првиот потенцијално населлив свет надвор од нашиот сончев систем.

Лоцирана на оддалеченост од околу 31 светлосна година, супер-Земјата наречена GJ 357 d беше откриена на почетокот на 2019 година благодарение на „Истражувачкиот сателит за транзитирачки егзопланети“ (TESS) на НАСА, мисија дизајнирана со цел да ја „прочешла“ небесата трагајки по егзопланети, спроед новиот истражувачки модел објавен во „Писмата од астрофизичкиот журнал“.

„Ова е возбудливо бидејки станува збор за првата блиска, во однос на човештвото, супер-Земја која може да содржи живот – откриена со помош на TESS нашата мала, моќна мисија со голем дофат.“ вели Калтенегер, вонреден професор по астрономија, директор на институтот Карл Саган при универзитетот Корнел и член на научниот тим при TESS.

Егзопланетата е помасивна од нашата сина планета, и Калтенегер вели дека откритието ќе ни даде увид во земјините роднини од тешка категорија. „Со дебела атмосфера, планетата GJ 357 d може да одржува течна вода на својата површина како и Земјата, и со телескопите кои ќе бидат наскоро онлајн би можеле да детектираме знаци на живот.“ вели таа.

Астрономите од „Институтот за астрофизика при Канарските Острови“ и „Универзитетот на Ла Лагуна“ во Шпанија го најавија откритието на GJ 357 системот на 31 Јули во журналот „Астрономија & Астрофизика“. Тие покажаа дека далечниот соларен систем со мала ѕвезда од M-тип која е отприлика една третина од големината на нашето Сонце има три планети при што една од нив се наоѓа во населливата зона – GJ 357 b.

Минатиот Фебруари TESS забележа дека џуџестата ѕвезда GJ 357 се стишува многу малку на секои 3,9 дена што е доказ за транзит на планета долж лицето на ѕвездата. Спроед „Центарот за вселенски летови Годард“ на НАСА кој раководи со TESS, планетата за која станува збор е GJ 357 b, таканаречената „жешка Земја“ – околу 22% поголема од Земјата..

Следните набљудувања од Земјата доведоа до откритието на уште две егзопланети во системот – GJ 357 c и GJ 357 d. Според НАСА, меѓународниот научен тим ги собрал податоците од земјените телескопи од изминатите две декади за да ги открие малите гравитациони влијанија на егзопланетите врз ѕвездата домаќин.

Егзопланетата GJ 357 c има температура од 126.667°C и маса 3,4 пати поголема од Земјата. Но, најнадворешната планета во системот GJ 357 d може да содржи земјолики услови и прави една орбита околу ѕвездата за 55,7 дена на расојание од една-петтина од растојанието меѓу Земјата и Сонцето.  Сеуште не се знае дали оваа планета транзитира преку својата ѕвезда.

Калтенегер, докторантот Џек Маден и дипломецот Зифан Лин симулирале светлосни отпечатоци, клими и детектирачки спектри за планета која може да биде од карпеста до воден свет.

Маден објасни дека истражувањето на новите откритија е шанса да се тестираат теории и модели. „Имаме изградено првични модели за тоа каков би можел да биде овој свет“ вели тој “Самото знаење дека може да постои течна вода на површината на оваа планета ги мотивира научниците да најдат начини за детекција на знаци на живот“.

Лин ја опишува работата од перспектива на дипломец: „Да се работи на ново откриена планета е сон постанат јаве. Бев меѓу првата група на луѓе кои ги моделираа спектрите и размислата за ова сеуште ме преплавува“.

Во чест на носителот на името на институтот, професорот од Корнел – Карл Саган, Калтенегер вели – „Ако GJ 357 d покаже знаци на живот, за сите ќе биде на врвот на листата за патување и можеби ќе го одговориме илјадагодишното прашање дали сме сами во космосот.“

Покрај Калтенегер, Маден и Лин, коавтори на „Населливоста на GJ 357d: Можни клими и можност за набљудување“ се и Сара Ругхеимер, Оксфорд универзитет; Антигона Сегура, Национален автономен универзитет на Мексико (UNAM); Рафаел Луке и Ерик Пале, Институт за астрофизика на Канарските Острови и Универзитет на Ла Лагуна; и Нестор Еспиноза, Макс Планк институт за астрономија, Германија.

Превод: Максим Осман-Николов

Извор: www.phys.org

Сподели.