Темната материја ги уништува галаксиите кои влегуваат во кластерот „Кома“

0
Во кластерот на галаксии „Кома“. Заслуги: NASA/ESA/Hubble Heritage

Во кластерот на галаксии „Кома“. Заслуги: NASA/ESA/Hubble Heritage

Кластерот од галаксии наречен „Кома“, кој се наоѓа на некои 300 милиони светлосни години, има мрачна тајна. Кога некоја галаксија од надвор ќе биде вовлечена во кластерот, таа постепено умира (или престанува да произведува нови ѕвезди). Тајната се чини дека лежи во огромната количина на темна материја во кластерот.

Темната материја е една од најголемите мистерии на физиката. Се работи за честица со маса која не емитира светлина, па не можеме да ја видиме. Ја детектираме преку гравитациската интеракција со видливата материја. Според новите компјутерски мерења, во кластерот „Кома“ има до 100 пати поголема количина на темна материја од видливата материја.

Галаксиите кои беа проучени во овој кластер имаат големина приближно колку и Млечниот Пат, но затоа имаат дури 99% помалку ѕвезди од нашата галаксија, што е сериозен недостаток на ѕвезди. Тоa се должи на моќната гравитациска привлечност на самиот кластер. Здрава (нормална) галаксија која расте, содржи ѕвезди и материјал за нивно формирање (прав и гас). Кога нема доволно гас или прав, растот на ѕвездата ќе запре.

Ако многу млада галаксија помине близу до овој кластер, таа ќе биде подложена на неговото гравитациско влијание и ќе биде вовлечена во него, но поголем дел од правот и гасот ќе бидат одвеани од неа. Поради тоа галаксијата ќе нема материјал за формирање на нови ѕвезди, па е класифицирана како „пропадната“ галаксија од страна на астрофизичарите. И навистина, низ целиот кластер „Кома“ има вакви, мртви галаксии.

Овој процес е познат како „калење”. Се покажа дека тој настанал порано од што претходно се мислело. Дијаграмот подолу одлично го опишува овој процес:

Заслуги: Cameron Yozin, ICRAR/UWA

„Симулациите покажаа дека овие галаксии можеле да бидат „искалени” од кластерот многу рано, уште пред седум милијарди години.” – вели Yozin (студентот кој го води истражувањето), а повеќе од него е објавено во Monthly Notices of the Royal Astronomical Society.

Интеракциите на темната материја во галаксијата и онаа во кластерот е комплицирана. Делови од галаксијата што беа заштитени имаа темен, заштитен превез – темната материја во галаксијата. И гасот кој и е одвеан на галаксијата е дело на темната материја, но на онаа темна материја која се наоѓа во кластерот. Темната материја штити, но и уништува.

Превод: Милан Велков

Извор: IFLS

Сподели.