Таму е вечно ден: Откриена планета во состав со три ѕвезди

0

Колку и да мислиме дека сме ги откриле тајните на Универзумот, тој и понатаму секој ден нè изненадува. Имено, астрономите откриле планета во состав со три ѕвезди, на чија целокупна површина вечно владее ден, а една година трае половина милениум.

Станува збор за гасовит џин, четири пати поголем од Јупитер, со атмосфера од вода и метан (некреативната службена ознака е HD 131399Ab) чијашто револуција околку својата матична ѕвезда (HD 131399A) трае 550 години. Причина за големата револуција лежи во оддалеченоста помеѓу планетата и ѕвездата, а изнесува двојно повеќе од оддалеченоста помеѓу Сонцето и Плутон.

Таму е вечно ден: Откриена планета во состав со три ѕвезди

Приказ на орбитата на планетата HD 131399Ab и трите ѕвезди во чијшто состав се наоѓа (Заслуги: The Verge)

Планетата е стара само 16 милиони години (за споредба, Земјата е стара 4,5 милијарди години), што ја сместува во најмладите небесни тела воопшто. Досега астрономите сметале дека постоењето на вакви состави се невозможни бидејќи орбитата на планетата во троен состав би била нестабилна, што би резултирало со уништување на планетата или нејзино исфрлање од составот. HD 131399Ab очигледно пронашла слабост во калкулациите и ги преживеала сите Сцили и Харибди (морски чудовишта во грчката митологија) на кои ја изложиле нејзините три сонца.

Матичната ѕвезда, HD 131399A, од нас е оддалечена 320 светлински години и 1,8 пати е посмасивна од нашето Сонце. Таа дели заеднички центар на маса со друга ѕвезда, HD 131399B, околку која кружи уште една ѕвезда – HD 131399C. HD 131399Ab е заобиколена со светлина од три извори што ја прави единствена во познатиот Универзум. Доколку се најдеме на површината на овој необичен свет, би имале прилика да искусиме вечен ден – тој трае околку половина негова година, односно повеќекратни изгрејсонца и зајдисонца, кои траат колку втората половина од неговата година.


Заслуги: The Verge/Gizmodo/Blastr

Превод: Александра Бошкова

Извор: Znanost

Сподели.