Моите долгогодишни читачи знаат за моето мислење дека тоа што законите на кои подлежи физиката на секојдневиот живот се целосно разбрани треба повеќе да се цени. (Ако ви треба повеќе убедување: еве, еве, еве.) Бидејќи следната недела одржувам една од моите дискусии во Оксфорд, мислев дека ќе биде корисно и да ги соберам тие закони на едно место. Еве го најкомпактниот начин на кој можев да се сетам да го сторам тоа, а сепак да оставам некои корисни информации. (Како што кажа Фајнман, секоја равенка на светот може да биде напишана како U=0, за некоја дефиниција на U – но можеби тоа нема да биде толку корисно.)
Ова е потребната амплитуда за да се премине од една во друга конфигурација во пат-интеграл формализмот на квантната механика, во рамките на квантната теорија на полиња, каде што содржината и динамиката на полињата е опишана со генерална релативност (за гравитација) и стандардниот модел на физиката на елементарни честички (за се друго). Црвените забелешки се таму само како насоки, не ги сфаќајте премногу сериозно. Но во ова можеме да ги видиме сите делови на микроскопската физика – сите честички и сили. (Не ја разбираме целосната теорија на квантна гравитација, но таа е совршено разбирлива на секојдневно ниво. Ултравиолетовиот пресек ги решава проблемите со ренормализацијата.) Не постои експеримент извршен на Земјата кој се спротивставил на овој модел.
Очигледно е дека набљудувањата врз остатокот од универзумот, особено оние кои го навестуваат постоењето на темна материја, не можат да се објаснат со овој модел. Исто така, очигледно е дека не знаеме многу за физиката надвор од секојдневието, како на пример на почетокот на универзумот. И најочигледно од се, тоа што ја знаеме микроскопската физика на која се засноваат сите комплексни заеднички феномени на макроскопската реалност не придонесува ништо кон нашето знаење на самите феномени, па не бидете заморувачот кој се жали дека предлагам нешто друго.
Како што физиката се движи напред, ние постојано ќе ги надоградуваме нашите разбирања. Сепак, оваа едноставна равенка ќе продолжи да важи во секојдневието. Ништо слично на теоријата на постојана вселена (Steady Space Theory) или атомскиот модел „пудинг од сливи“ или Птолемеевиот модел на сончевиот систем, кои едноставно не биле точни и затоа биле заменети. Оваа теорија е точна во областа во која може да се примени. Таа е едно од најголемите достигнувања со кои човечката раса може да се пофали.
Многу луѓе се спротивставуваат на претполагањето дека оваа теорија е доволно добра за да ја земе во предвид физиката која е основа на феномени како животот и свеста. Секако, тие во принцип и би можеле да бидат во право, но единствениот начин на кој тоа би се случило е. ако начинот на кој ја сфаќаме квантната теорија на полиња е целосно погрешен. Кога треба да се одлучам помеѓу „животот и мозокот се комплицирани и сеуште не ги разбирам, но ако работиме повеќе мислам дека можеме да успееме во тоа“ и „доволно добро ја разбирам свеста за да можам да заклучам дека не е можно истата да се објасни со физиката која ни е позната,“ изборот е лесен.
е аргументот и зад себе да остави публика која верува во Бог.
Превод: Јоаким Јаковлески