Нова С беше откриена во зоната на живот во бинарен систем благодарение на граѓаните-научници кои пребарувале низ податоците на Кеплер телескопот. Егзопланетата е позната како K2-288b и е лоцирана на далечина од 226 светлосни години.
Системот на K2-288b е составена од две ѕвезди помеѓу кои има простор кој е околу 6 пати поголем од просторот меѓу Сонцето и Сатурн. Поголемата има маса околу половина од нашето Сонце, а помалата е околу една третина. Новата планета има орбита околу помалата ѕвезда, која е класифицирана како студена М ѕвезда. Пронајдоците се запишани во Астрономското Списание.
K2-288b е околу 1.9 пати од големината на Земјата и завршува една револуција околу својата ѕвезда за 31.3 дена. Многу е поблиску до својата ѕвезда од која и да било планета во Сончевиот систем но нејзината ѕвезда е многу послаба од нашата. Ова ја поставува оваа супер-Земја во зона на живот, каде може да постои вода во течна агрегатна состојба. Во моментот, не знаеме дали е карпеста или гасовита планета.
„Многу возбудливо откритие е поради начинот на кој беше пронајдено, нејзината умерена орбита и бидејќи големината на планетата изгледа релативно ретка,“ водечкиот автор Адина Фајнстајн, дипломиран студент на Универзитет на Чикаго, изрече во изјава.
Фајнстајн го презентираше трудот на 223от состанок на Американското Астрономско Друштво во Сиетл оваа седмица. Пронајдокот бил откриен кога таа и Макена Бристоу, студент на додипломски студии на Универзитетот при Северна Каролина Ешвил, работеле како практиканти со астрофизичар Џошуа Шлидер во Годард центар за вселенски летови на НАСА.
Кеплер мисијата заврши откога снема гориво минатиот Октомври но научници продолжуваат да “чешлаат“ низ нејзините податоци. Софтверот се користи за да се најдат потенцијални кандидати, но често е потребно човечко око за да се направи разлика помеѓу сигнал и бучава. Секој може да помогне во оваа предизвикувачка задача и на тој начин планетата била забележана од тимот на астрономи. Граѓани-научници кои биле дел од проектот Екзопланетен Истражувач на Зуниверс ги откриле сигналите кои го сугерирале присуството на потенцијална планета.
Тимот спроведе серија последователни набљудувања со земјени и вселенски телескопи. Се чини дека планетата добро се вклопува во категоријата на планети со средна маса. Неодамна беше откриено дека интензивното ѕвездено зрачење може да ја испари атмосферата на планети со големина на Нептун во близина на нивните ѕвезди, раздвојувајќи ја популацијата на жешки и умерени планети во мали и карпести или гасни џинови, па следниот чекор е да видиме во која категорија припаѓа.
Преведувач: Дејана Маркова
Извор: iflscience.com