Спречување на судир од астероид во пет чекори

0

Визуелизација на астероид на близок приод на Земјата. Заслуги: Дан Дурда, Планетарното Општество

Поминале 110 години од воздушната експлозија во Тунгуска која што израмни 2000 квадратни километри од Сибирската шума во 1908 година. Ова претставува добра прилика за откривање како можеме да ги спречиме астероидните судири – план низ пет точки со кои можеме да ја спречиме единствената природна катастрофа во големи размери доколку вложиме напор.

Петте чекора (Пронајди, Следи, Опиши, Одбиј и Соработувај/Едуцирај) не претставуваат некои невообичаени идеи, но се лесен начин да се запамтат потребните напори кои се потребни за спречување на ваквите судири.

1. Пронајди

Ако ние не сме свесни за постоењето на астероидот на одредено место, ние не можеме да го спречиме неговото судирање. Постојат повеќе можности за како да ја смениме неговата орбита за да не дојде до судир со Земјата. Добрата вест е дека нивото на откритијата се зголемува. Навистина сме добри во пронаоѓањето големи астероиди коишто можат да предизвикаат глобална катастрофа. Меѓутоа сепак останува многу незавршена работа во пронаоѓањето на мнозинството помали астероиди кои се способни да предизвикаат регионални катастрофи.

2. Следи

Дури и да пронајдеме одреден астероид, како знаеме дека е можен судир со Земјата? Треба да го следиме – да се снабдиме со многу дневни, месечни и годишни телескопски набљудувања кои ќе ни помогнат да ја рафинираме предвидената орбита на астеродиот. Набљудувањата понекогаш се потребни бргу после откривањето на астероидот затоа што повеќето астероиди со несигурна орбита можат да се загубат така што без доволно набљудувања не можеме и не знаеме каде и како повторно да ги пронајдеме.

3. Опиши

За воедно да ги разбереме специфичните астероиди во случај да треба да ги отстраниме, но и популацијата на астероиди, ние треба да ги карактеризираме: преку собирање на многу телескопски и во прилики на набљудувања од вселенски летала можеме да добиеме информации како што се оската на ротација, составот, физичките својства, па дури и да ги откриеме астероидите кои што се претставуваат како еден астероид, а всушност се два, поточно претставуваат бинарен пар.

Астероидите се меѓусебно различни и поради оваа нивна варијација, тие би можеле да влијаат на мисиите да се отстрани одреден астероид кој претставува закана за Земјата.

4. Отстрани

Што правиме доколку навистина астероидот е на пат на судир со Земјата? Сепак ова не е првата тема која сакаме да ја разгледаме кога одреден астероид се носи кон Земјата со способност за уништување на цел град или предизвикување на огромно цунами. Постојат различни, можни техники за отстранување на астероид во различни подготвителни фази, меѓутоа сите тие имаат потреба од дополнителен развиток и тестирање. Постојат помал број на можности кога се соочуваме со кратко време за предупредување и/или поголем објект. На друга страна постој поголем број на вакви опции со дополнително време за предупредување и помал објект.

Техниките вклучуваат бавен гравитациски трактор (гравитацијата на вселенското летало го повлекува астероидот, кинетички судирач од среден опсег (судир на едно или повеќе вселенски летала со астероидот) и други техники во развој како што се ласерска аблација (отстранување/испарување на карпата за да можат создадените млазови да го туркаат астероидот), па доаѓаме се до техники наменети за кога соочуваме со кратко време помеѓу судир и предупредување како нуклеарни опции (нуклеарно разрушување или нуклеарна аблација во место т.е. брзо испарување на карпата од еден дел на астероидот).

5. Соработувај и едуцирај

Без разлика како гледаме на влијанието кое го имаат астероидите, тоа сепак претставува интернационален проблем што бара интернационално гледиште. Било каков судир од астероид, ќе бара сличен одговор како на интернационалната катастофа. Заканата од астероид би барала меѓународнја координација околу тоа што ќе направат земјите кои активно праќаат вселенски летала и астронаути во вселената за да го спречат овој судир. Тогаш се појавуваат невообичаени и непријатни ситуации.

На пример, кога би се одбил одреден астероид чија целна точка била Земјата, ние сепак најпрвин го придвижуваме низ самата Земја, па така да речеме доколу целната точка на астеродиот е Лондон, можеби ќе се помести точката на судир во Москва пред да се добие целосно отстранување од Земјата.

Поради сиве причини, интернационалната координација пред време е критична. Интернационалната едукација од друга страна за заканата од астероидите е потребна на сите нивоа, од политичарите, потоа агенциите за управување при катастрофи, па се до јавноста. Важно е сите да бидат свесни за нивото на овие закани и потенцијалот за нивно спречување. Опасни астероидни судири се појавуваат ретко, но доколку се случат ќе има катастрофални последици, секако освен ако не бидат спречени.

Срамнети дрвја од астероидната/кометна воздушна експлозија во Тунгуска над Сибир во 1908 година. Слика од патувањто во Кулик – 1927 година. Судирот во Тунгуска срамни 2000 квадратни километри дрвја.

Превод: Анастасија Младеновска

Извор: The Planetary Society
http: Planetary Society

Сподели.