Спектакуларна снимка на комета направена од Розета

0

Иако личи на осамена планина, тоа е, сепак, за прват најблиску снимена фотографија од површина на комета во боја.

Леталото на Европската вселенска агенција – Розета, ја сними суровата површина на кометата 67П/Чуриумов – Герасименко на оддалеченост од само 29 километри. Кометата е 4 километри широка замрзната планина од карпи и мраз, која се движи низ Вселената на својата орбита околу Сонцето долга 6.5 години. Раководителите на мисијата користеа ОСИРИС мултиколор камера со 12 различни филтери за да ја направат оваа фотографија.

Кометата е црна од прашината на јагленот и рефлектира само 4% од Сончевата светлина од површината. За да се неутрализира тој ефект, снимката требала да има подобрена светлина и контраст, за да се види било што на неа.

Розета влезе во историјата во август, кога стана првото вселенско летало кое влезе во орбита околу кометата. На 11 декември, Розета повторно ќе влезе во историјата кога ќе се активира механизмот наречен Филе, со кој Розета ќе се обиде да слета на прекрасната, затемнета површина на кометата.

Според најавите од одговорните на мисијата, Филе за слетување ќе се насочи кон страната со ознака “Ј” – интригантна локација, за која научниците сметаат дека е помал предизвик за слетување, а во близина се наоѓаат и активни подрачја пригодни за проучувања.

Розета ќе ја проучува кометата во текот на 2015 г. за да открие некои од тајните на овие праисконски траги од раниот Сончев систем.

Превод: Петар Ивановски

Извор: Znanost

Сподели.