Спејсекс и ајспејс планираат да испратат роботи на Месечината до 2020 година

0

Јапонскиот стартап и американскиот производител на вселенски летала го носат истражувањето на Месечината на ново ниво.

ајспејс

Јапонската приватна фирма за лунарни истражувања ајспејс (ispace) ги објави нејзините планови за своите први лунарни мисии закажани за 2020 и 2021 година. Мисиите, кои се дел од ХАКУТО-Р програмата на ајспејс ќе бидат изведени во соработка со Спејсекс (SpaceX) компанијата на Илон Маск.
Спејсекс ќе ги носи лунарниот лендер и лунарниот ровер на ракетата Фалкон 9. Јапонскиот стартап е прва компанија за лунарни истражувања што планира повеќе лансирања и цели кон нивно остварување во средината на 2020 и 2021 година.
ајспејс (ispace) беше финалист на натпреварот Гугл лунар екпрајз (Google Lunar XPRIZE) и проектот ХАКУТО-Р беше именуван по самиот тој натпревар. Хаку на јапонски значи бел зајак и потекнува од локалното предание за зајакот на Месечината.
Се чини дека новоформираната компанија најде идеален партнер во Спејсекс. „Ние ја делиме визијата со Спејсекс за овозможување на животот на луѓето во Вселената, па нам ни е многу мило што тие ќе ни се придружат на првиот чекор од ова патување“ – вели Такеши Хакамада, извршниот директор и основач на ајспејс. ХАКУТО-Р всушност треба да биде демонстрирање на технологија.

Директорот на Спејсекс, Илон Маск беше прилично гласен за неговите амбиции за Вселенската колонизација. ајспејс, сега за сега, со двете планирани мисии на Mесечината ги прави првите чекори кон остварување на тој сон.
Првата мисија има за цел едноставно кружење околу месечината, додека втората мисија ќе оди подалеку, лунарно спуштање и поставување на ровери што ќе собираат податоци. До сега, се чини дека планот е добро прифатен од професионалците во оваа индустрија.

„Кога ќе се обрне внимание на самиот распоред, цената и напорот што се вложува, пристапот што го има ајспејс е многу пофлексибилен и поефективен (отколку ЕСА или НАСА). До сега, апсолутно можам да заклучам дека сте на патот кон успехот“ – кажа Мартин Риел од Ериен груп (Ariane Group).
Дизајните на вселенските летала на ајспејс беа ставени на прелиминарна проверка од страна на 26 надворешни експерти од Јапонија и Европа, а американските експерти ги оценија техничките и програмските квалификации на проектот. Извештајот што пристигна од таа проверка посочува дека мисијата е само успешен крај на активностите.

Што се однесува на делот на Спејсекс, тие со нетрпение ја очекуваат мисијата. „Влегуваме во нова ера на Вселенско истражување и горди сме што сме избрани од ајспејс за нивни соработници во нивните први лунарни мисии“ – вели Гвин Шотвел, претседателот на Спејсекс. Само пред неколку недели, компанијата објави кој ќе биде нивниот прв патник на Месечината. Изгледа дека роботите се следни на листата.

Превод: Христина Милошевска
Извор: SpaceX and ispace Plan to Send Robots to the Moon by 2020

Сподели.