Сондата што оди кон Плутон се буди од хибернација следниот месец

0
Сондата што оди кон Плутон се буди од хибернација следниот месец

Многу скоро ќе имаме подобри слики од Плутон отколку оваа.

Плутон можеби не е веќе планета, но следната година ќе добие малку повеќе внимание од НАСА. На 6-ти декември оваа година, сондата Нови хоризонти (New Horizons) ќе се разбуди од хибернација за да се подготви за средбата со џуџестите планети и нејзините месечини.

Сондата била во хибернација повеќето од нејзиното патување за да се одржи електрониката. Таа била исклучувана 18 пати при нејзиното патување и најдолгото траело 202 дена. Моменталното ќе трае 99 дена.

Нови хоризонти е здрав и плови тивко преку длабоката Вселена – повеќе од четири милијарди километри од дома, но наскоро ќе се разбуди.

Како што кај луѓето спиењето не значи целосно деактивирање на системите, компјутерот на сондата го проверува нејзиното здравје и праќа извештаи секоја недела. Додека е буден, инструментите се калибрираат, се вежбаат активности и се извршуваат истражувања без разлика на големата далечина од астрономските објекти.

Нови хоризонти ќе започне на работа на 15-ти јануари проучувајќи го системот Плутон – Харон на оддалеченост од 260 милиони километри. Таа пристигнува најблиску на 14-ти јули.

Бледите рефлексии од површината на објекти толку далеку од Сонцето ги прави мерењата спори, но Нови хоризонти ќе ја истражува геологијата и топографијата на Плутон и Харон. Интеракцијата меѓу Плутон и Харон го прави Плутон вредна мета. Не само што тие се доста слични во маса што точката на ротација на двете тела е надвор од радиусот на Плутон, тие исто така се браново заклучени еден со друг и го држат истото лице еден кон друг. Дури има шпекулации дека топлината од нивниот бранов однос одржува океан под површината, нешто што може да се потврди ако има тектонска активност на површината.

Ретката атмосфера на Плтуон и четирите помали месечини исто така ќе добијат малку внимание и можно е да се откријат помали објекти или прстени.

Со оглед на неговата голема брзина во споредба со Плутон, не е возможно да се постави во неговата орбита, па леталото ќе помине, правејќи повеќе истражување како што смрзнатиот објект заостанува во однос на сондата.

Дури по Плутон, Нови хоризонти има долг пат за поминување пред трајно да заспие, со планови за да си ја намести траекторијата за да помине блиску до друг објект во Кајперовиот појас. Ова може да помогне да го одговори прашањето за тоа дали Плутон е типичен претставник на Кајперовиот појас кој случајно го откривме пред другите, или претставува нешто необично или уникатно.

Превод: Јован Милосковски

Извор: IFLS

Сподели.