Зошто Сонцето нема да се претвори во црна дупка

0

Дали Сонцето ќе стане црна дупка? Не, премногу е мало.

Сонцето би требало да биде 20 пати помасивно за да го заврши својот живот како црна дупка. Ѕвездите кои се родени со ваква големина или поголеми на крајот од својот животен век можат да експлодираат во вид на супернова и потоа да се претворат во црна дупка – вселенски објект со толку силно гравитациско поле што дури ни светлината не може да му избега. Некои помали ѕвезди се доволно големи за да предизвикаат супернова, но сепак не доволно големи за да се претворат во црна дупка. По суперновата експлозија тие ќе станат неутронски ѕвезди – структури со огромна густина. Но Сонцето не е доволно големо дури и за оваа експлозија. Истото има околу една третина од потребната маса за да стане неутронска ѕвезда.

cd

Опсерваторијата за Соларна Динамика (англ. Solar Dynamics Observatory – SDO) на НАСА ја сликаше оваа фотографија од сончевата ерупција на 21-ви април 2015 година. Заслуги: NASA/SDO

Па тогаш што ќе се случи со Сонцето? За околу 6 милијарди години тоа ќе биде бело џуџе. Се работи за мал и густ остаток од ѕвезда кој емитира светлина поради остатокот на топлина. Овој процес ќе започне за околу 5 милијарди години кога Сонцето ќе го потроши своето гориво.

Како и повеќето ѕвезди, за време на главната фаза од животниот век, Сонцето создава енергија преку фузија на водородните атоми во своето јадро. За околу 5 билиони години, Сонцето ќе го потроши поголемиот дел од водородот во јадрото и ќе почне да се руши кон својата внатрешност. Ова ќе предизвика Сонцето да врши фузија на потешки елементи во јадрото, а во слоевите околу јадрото сѐ уште ќе го согорува преостанатиот водород. Како резултат на овие нуклеарни фузии, температурата на Сонцето експоненционално ќе расте и надворешните слоеви ќе се зголемат толку многу што ќе ја проголтаат и планетата Земја. Условите на Земјата ќе бидат пеколни за животот, но веројатно е дека и други фактори во планетарната еволуција ќе ги влошат условите пред Сонцето. Оваа фаза од животот на Сонцето е позната како црвен џин и истата ќе трае околу еден билион години пред Сонцето да се претвори во бело џуџе.

Превод: Теодор Ангеловски

Извор: nasa.gov

Сподели.