Хабл Вселенскиот Телескоп ги сними досега најдобрите слики од нашиот најнов меѓуѕвезден посетител.

Хабл Телескопот го овозможи досега најдобриот поглед на кометата 2I/Borisov
Оваа комета од надворешноста на нашиот Сончев Систем поминува покрај нас со експлозивни 110,000 mph (177,000 kph). За време на изминатиот викенд, Хабл фати неколку одлични снимки наоѓајќи се на растојание од 420 милиони километри. Истите беа објавени минатата среда.
Ова е вториот познат меѓуѕвезден посетител кој поминал низ нашиот Сончев Систем. Оваа комета беше откриена во август од страна на астрономот – аматер од Крим, Генади Борисов, две години по појавата на првиот, односно каменот во форма на пура, познат како Оумуамуа.
„Загатка е зошто овие два објекти се толку различни“, изјави Дејвид Џуит од Универзитетот Калифорнија, Лос Анџелес, кој го предводеше набљудувачкиот тим на Хабл.

Заслуги: NASA, ESA и D. Jewitt
Од друта страна пак, многу е извонредно откритието дека својствата на кометата се слични на оние објекти кои го сочинуваат нашиот Сончев Систем

Оваа илустрација ја прикажува патеката на кометата 2I/Borisov низ нашиот Сончев систем
Во меѓувреме, Полските астрономи користејќи телескопи позиционирани на Земјата, објавија дека кометата наречена 2I/Borisov изгледа црвеникава, со јадро со пресек околу 2km.
Кометата ќе го направи својот најблизок пристап до сонцето во декември и ќе го достигне растојанието на Јупитер до средината на 2020, пред да се врати во меѓуѕвезедениот простор. Хабл, заедно со останатите телескопи, ќе ја следи и во текот на следната година.
Timelapse на Хабл oд меѓуѕвездената комета 2I/Borisov
Превод: Даница Ѓорѓевска
Извор: https://phys.org/