Сликите на OSIRIS од кометата на Розета покажуваат спектакуларни низи од прашина емитувана во Вселената

0
Две слики од истиот регион на „вратот“ на кометата 67П. Десната слика е со експозиција помала од една секунда и прикажува детали од површината на кометата. Левата е преекспонирана (времето на експозиција е 18,45 секунди) па затоа и структурите на површината се нејасни. Заслуги: ESA/Rosetta/MPS for OSIRIS Team MPS/UPD/LAM/IAA/SSO/INTA/UPM/DASP/IDA

Две слики од истиот регион на „вратот“ на кометата 67П. Десната слика е со експозиција помала од една секунда и прикажува детали од површината на кометата. Левата е преекспонирана (времето на експозиција е 18,45 секунди) па затоа и структурите на површината се нејасни. Заслуги: ESA/Rosetta/MPS for OSIRIS Team MPS/UPD/LAM/IAA/SSO/INTA/UPM/DASP/IDAESA

Kометата 67П Чуриумов-Герасименко покажува зголемена активност. Додека изминатите месеци прашината емитувана од телото, потекнуваше од „вратот“ кој ги спојува двата лобуси, новите слики од OSIRIS покажуваат млазови од прашина преку целата комета.

Моментално кометата е оддалечена 450 милиони километри од Сонцето. Се очекува активноста да се покачи откако кометата ќе се приближи на растојание од 300 милиони километри од Сонцето. Ова ќе овозможи поголем увид во физичките процеси на кометите и се очекува многу да се научи од ова набљудување.

Вообичаено, јадрото на кометата би било посветло од млазот кој доаѓа од кометата, но за да се добие добра слика од кометата, сликата мора да има големо светлинско изложување. Една слика може само да ни каже од каде доаѓа млазот од површината. За да се добие тридимензионален модел од кометата и млазовите, мора да се користат слики од различни агли.

На оваа слика од OSIRIS, системот за фотографирање на Розета, направена на 10 септември, се гледаат млазови од активноста на кометата преку целата нејзина површина. Заслуги: ESA/Rosetta/MPS for OSIRIS Team MPS/UPD/LAM/IAA/SSO/ INTA/UPM/DASP/IDA.

Додека се зголемува активноста на 67П, избраното место за слетување на „главата“ на кометата е мирно. Сепак, постојат индикации дека се појавуваат нови активни региони на еден километар од местото на слетување на мисијата. Ова може да биде добра прилика за истражување од поблиско растојание со помош на инструментите на слетувачот.

Розета е мисија на ЕСА со придонес од државите-членки и НАСА. Таа е првата мисија во историјата која ќе се сретне со комета, ќе ја придружува додека орбитира околу Сонцето и ќе постави слетувач на површината.

Превод: Јован Милосковски

Извор: phys.org

Сподели.