Денес – слетување на Експедицијата 43, плус нови датуми за лансирање на Сојуз и Прогрес

0

Менаџерите на Руската вселенска агенција Роскосмос ги најавија новите датуми за лансирањата на леталата Сојуз и Прогрес за оваа година.

Датуми се одредени за три мисии Сојуз до Меѓународната Вселенска станица (МВС). Наредната мисија Сојуз е закажана помеѓу 23-ти и 25-ти јули и ќе ги носи тројцата членови на Експедиција 44/45. Нареден превоз со Сојуз ќе има инжинерoт за лет (flight engineer) Сергеј Волков (Sergey Volkov), а назад, на 1-ви септември, ќе се врати командантот на експедицијата 44, космонаутот Генади Падалка (Gennady Padalka). На Волков друштво ќе му прави Европскиот астронаут Андрес Могенсен (Andres Mogensen), а името на третиот член на екипажот сè уште не го знаеме. Триото од Експедиција 46/47 ќе биде лансирано на 15-ти декември.

Закажани се исто така 3 товарни мисии на леталото Прогрес. Првата мисија за обновување на залихите е планирана на 3-ти јули, а наредни две се испланирани на 21-ви септември и 21-ви ноември.

Лансирање на леталото СојузTMA-16M кон Меѓународната Вселенска Станица (МВС). Photo Credit (NASA/Bill Ingalls)

Лансирање на леталото СојузTMA-16M кон Меѓународната Вселенска станица (МВС). Заслуги: (NASA/Bill Ingalls)

Во Вселената, командантот на Експедицијата 43, Тери Виртс (Terry Virts), инжинерот на лет Антон Шкаплеров (Anton Shkaplerov) и Саманта Кристоферти (Samantha Cristoforetti) се подготвуваат за враќање назад на Земјата денес (четврток). Ова трио ќе се откачи од МВС во 12:20 после пладне,а ќе слетаат во Казакстан во 15:43 минути по наше време. Во живо настанот ќе може да го гледате на следниот линк.

Во вторникот се направија голем број на разновидни експерименти со кои се вршеа набљудувања на тоа како човечкиот организам се приспособува на живеење во Вселената.

Членот на екипажот Скот Кели (Scott Kelly), кој ќе биде на МВС цела една година, земаше примероци од неговата плунка и крв за анализата „Близнаци“ (Twins). Научниците го споредуваат неговото тело, кое што се наоѓа во бестежинска состојба, со телото на неговиот идентичен брат близнак кој што е на Земјата и поранешен астронаут, Марк Кели. Eкипажот се подготвува и за скенирања со ултразвук со цел да се утврди нивното кардиоваскуларно здравје пред, за време и после вселенската мислија за Cardio Ox студијата. Тие исто така учеа како во Вселената се ракува и поправа интерактивна, базирана на допир и осетлива технологија за студијата Fine Motor Skills.

Превод: Марија Стојановска

Извор: NASA

Сподели.