Слетувачот Филе заспа

0

Со батериите веќе потрошени и недостаток од доволно Сончева светлина за нивно полнење, Филе (Philae) влезе во „мирна состојба“ која може да претставува долг период на тишина. Во оваа состојба, сите инструменти и повеќето системи на слетувачот се исклучени.

„Пред „заспивањето“ на нашиот слетувач, тој успеа да ги испрати сите научни податоци кои беа добиени за време на Првата научна секвенца,“ вели Стефан Уламец, менаџерот на слетувачот, кој беше во главната контролна соба.

„Машината одлично ги изврши задачите и тоа во многу тешки услови. Можеме да бидеме горди за неверојатниот научен успех кој го допринесе Филе.“

Контактот бил изгубен во 01:36 Централно Европско време, околу периодот кога секако ќе се изгубеше контакт заради орбитата на Розета (Rosetta) која одеше под хоризонтот.

Отсега па натаму, контакт нема да биде возможен доколку Филе не добие доволно Сончева светлина на своите соларни панели, како би генерирал доволно енергија за да се разбуди.

Веројатноста за ова да се случи се зголеми вчера вечер, кога контролорите на мисијата испратија команди со цел да го ротираат главното тело на слетувачот, каде што се наоѓаат и самите соларни панели. Постои можност дека сега поголем дел од панелите на слетувачот ќе бидат изложени на Сончева светлина.

Во следниот период, Розета леталото ќе продолжи со слушање на сигнали и ќе сигнализира било каков контакт од слетувачот. Сепак, со оглед на ниската стапка на полнење на соларните панели, не постои голема надеж за нов контакт во наредните неколку дена.

Високо успешната Розета мисија ќе продолжи и понатаму со следење на кометата во нејзиното патување околу Сонцето. Розета претставуа првото летало кое остварило средба со комета и успеало да врати вакви квалитетни научни податоци.

Слетувачот Филе заспа

Контролорите на Розета леталото и менаџерите на Филе мисијата во Главната контролна соба, веднаш по изгубениот контакт со Филе. Заслуги: Стивен Јанг/Astronomy Now

Превод: Бојан Андоновски

Извор: ESA

Сподели.