Античка воздушна експлозија најверојатно уништила едно од првите земјоделски села.
Отпадоци од комета можеби срамниле античко село во Сирија за време на неколкуте такви експлозии што се случиле низ целиот свет, според новите истражувања.
Селото Абу Хуреира била обична населба во северна Сирија пред околу 13.000 години. Местото било набрзина ископано во 1972 и 1973 година, пред да биде изградена брана на реката Еуфрат, поплавувајќи го местото под езерото Асад. Но, брзите ископувања откриле површини богати со јаглен кои содржат стаклени сфери формирани од топење на почва, примероци од стопено железо и сулфур и нанодијанманти. Таквите материјали се индикатори за екстремно високи температури кои се создаваат кога парче карпа ќе експлодира во воздухот.
Тим предводен од Ендру Мур, археолог на Рочестер Институтот за технологија во Њу Јорк кој ги водел ископувања на локацијата во 1970-тите, неодамна подетално ги разгледал дел од ископаните материјали. Научниците тогаш развиле експериментални методи за да ги реплицираат материјалите што ги откриле во селото.
„Ова обезбеди нови сознанија за тоа како се формирало стопеното стакло и како растителните и другите материјали се сооединиле со него“, изјави Мур за Space.com преку е-пошта.
Топењето на минералите пронајдени во почвата бара температури над 3.630 степени Фаренхајт (2.000 степени Целзиусови), „доволно жешко за да предизвика кварцните зрна да се стопат“, рече Мур. Тоа сугерира на нешто катаклизмично.
„Невозможно е да се објаснат овие стопени минерали на стопено стакло со кој било природен процес, освен настан со космичко влијание“, рече Мур.
Смртоносна експлозија
Првите доселеници во Абу Хуреира биле ловци-собирачи кои живееле патувајќи. Страшна суша ги натерала луѓето да започнат со одгледување зрна што претходно ги собирале од дивината, претворајќи ги во првите познати земјоделци, откриваат претходните истражувања.
Потоа, пред околу 13 000 години, се чини дека се случило нешто многу лошо, оставајќи слој јаглерод што укажува на драматични пожари. Но, во најголем дел од последната деценија, научниците кои ги испитуваа остатоците од селото дебатираа за тоа што се случило, не можејќи да одлучат дали јаглеродот формиран за време на аероексплозија или за време на поумерени пожари.
Затоа Мур одлучи подетално да го преиспита стаклото. Неговата анализа на стаклениот состав се совпаѓа со откритието од 2012 година во кое се тврди дека воздушен удар го уништил Абу Хуреира, сугерирајќи дека мирниот животен стил на селаните завршил ненадејно кога еден или повеќе фрагменти од минлива комета експлодирале во воздухот во близина.
„Луѓето кои биле во или во близина на селото Абу Хуреира во моментот кога експлодирал воздушниот удар ќе виделе огромен блесок на небото, еквивалентно на нуклеарна експлозија“, рече Мур. „Неколку секунди подоцна, тие би биле изгорени од експлозијата. Топлотниот бран го уништил селото и сè што е во него, оставајќи еден слој изгорен материјал низ целата површина“.
Набудувачите неколку десетици километри од местото би го виделе блицот, би ја слушнале експлозијата и би го почувствуваа топлотниот бран, но веројатно би ја преживеале детонацијата.
Мур и неговите колеги загревале фрагменти од стаклото во лабораториска печка сè додека не се стопат целосно, што се случило на 2.400 F (1.300 C), со што ја утврдиле долната граница за температурата на која првично биле изложени сфероидите. Но, потребни се повисоки температури за кварцот и другите надворешни честички да се стопат.
Истражувачите, исто така, го споредиле материјалот Абу Хуреира со стакло стопено на други предисториското места со космички удари на Земјата и откриле многу сличности. Богатството на стопено стакло што датира приближно во иста временска рамка им сугерира на истражувачите дека илјадници парчиња остатоци паднале на Земјата откако комета се судрила со атмосферата пред 12.800 години, погодувајќи повеќе од 40 места низ Северна Америка и Европа.
Новите откритија од тимот на Мур се совпаѓаат со хипотеза од 2007 година дека Земјата доживеала неколку мулти-континентални аероексплозии. Бидејќи постоењето на индивидуална комета или астероид доволно голем да предизвика такво распространето уништување е малку веројатно, истражувачите се сомневаат дека различните влијанија биле предизвикани од остатоци од една комета.
„Најголемите кластери остатоци од комети се предложени да бидат способни да предизвикаат илјадници аероексплозии во рок од неколку минути низ целата цела хемисфера на Земјата“, напишале авторите. „Средбата со таков кластер остатоци широк милион километри би била илјадници пати поверојатна од судир со комета со ширина од 100 км или астероид широк 10 км“.
Превод: Бојана Стефаноска
Извор: space.com