Дали далечно, темно тело би можело да стави крај на животот на Земјата?

0

Иако живееме во релативно мирен дел од космосот, во вселената демне опасност.

п1

ЗОНА НА ОПАСНОСТ. Многу темни објекти се предалеку од Сонцето за да би можеле да се набљудуваат. Во иднината невидена опасност би можела да дојде од длабоките краишта на вселената. Заслуги: Астрономија: Роен Кели

Иако живееме во релативно мирен дел од космосот, продолжувајќи со своите животи и гледајќи ги ѕвездите како далечна позадина, сепак сме дел од универзумот кој не опкружува. Во вселената демне опасност, како што може да посведочи Месечината со нејзините небројни кратери.

Не само што мора да избегнува судари со астероиди кои поминуваат покрај неа, туку за Земјата има и подалечни закани. Ако блиска ѕвезда стане супернова, ако во близина еруптира гама зрак, или ако црна дупка или млаз антиматерија некако се најде близу до нас, тоа би можело да биде катастрофално. Астрономите велат дека вакви настани се неверојатни; сепак постои далечен натрапник кој би можел да создаде хаос на Земјата само со неговото постоење.

Од каде би можел да дојде ваков немир? Сонцето не било отсекогаш самотна ѕвезда. Било родено во група на сонца, како и сите ѕвезди, и неговите првобитни сопатници се имаат распрснато од гравитационото влечење создадено при орбитирање околу центарот на галаксијата.

Сепак, околу 5 милијарди години по раѓањето на Сонцето неколку од овие сопатници сеуште се врткаат околу старото место. Некои од нив се ѕвездата Алфа Кентаур, жолтото џуџе Тау Цети и ладното црвено џуџе Волф 359. Дали Сонцето е навистина само, или би можел ли некој темен, ладен сопатник да бдее во позадината, одвреме навреме лансирајќи комети кон Земјата?

Откривањето на Седна, транс-Нептунов објект пронајден во 2003, и последователното откритие на Ерис, ја подржаа идејата дека големи мрачни тела лебдат во далечните краишта на Сончевиот систем. Овие тела постојат одделно од многуте комети кои го исполнуваат Ортовиот облак. Разминувања со добро познати ѕвезди ќе се случат во далечната иднина: на пример, за помалку од милион и пол години, Глиесе 710, црвено џуџе моментално на оддалеченост од 60 светлосни години, ќе дојде на светлосна година од Сонцето. Ова ќе ослободи бура од комети од Ортовиот облак во орбити кои би можеле да се вкрстуваат со Земјината, а тие би пристигнале во близина на нашата планета за околу 2 милиони години.

Но бомбардирања од кометни би можеле да дојдат и од друго место. Број астрономи предлагаат дека Сонцето би можело да има скриен, мрачен сопатник кој одвреме навреме праќа комети во насока на Сонцето, истурајќи го во внатрешниот Сончев систем.

п2

НЕВИДЕН ПРИДРУЖНИК. Мал и темен објект наречен кафеаво џуџе би можел да орбитира околу Сонцето во далечните предели на сончевиот систем. Кафеавите џуџиња се наоѓаат некаде меѓу најголемите планети и најмалите ѕвезди. Овој уметнички приказ покажува пар кафеави џуџиња. Заслуги: НАСА/ЕСА/А. Филд (STScI)

Во 1984 Дејвид Рауп и Џ. Џон Сепкоски, палеонтолози при Универзитетот на Чикаго, го изложија своето откритие дека масовните изумирања на Земјата се периодични. Тогаш тие предложиле дека одговорна е орбитата на Сонцето околу центарот на Млечниот пат, ослободувајќи комети во правилни интервали од 26 милиони години.

Истата година, физичарот Ричард Милер при Универзитетот на Калифорнија, Беркли, предложил дека одговорниот механизам е „Непријателот,“ незабележан, далечен ѕвезден придружник на Сонцето. Милер мислел дека М џуџе – мала, ладна ѕвезда, би можело да демне незабележано а сепак да има огромно влијание врз Ортовиот облак.

Но со откритието на Двомикронската целонебесна анкета (Two Micron All-Sky Survey – 2MASS), астрономите можеа да го скенираат целото небо со фреквенции близу до инфрацрвената, произведувајќи 2 милиони слики кои би го откриле Непријателот, да постоеше. Така што се уште не се знае што демне во мракот по Ортовиот облак, ако навистина има нешто.

Не се сите научници незагрижени за ваква темна закана. Мајкл Ремпино, геолог при Универзитетот на Њу Јорк, бара астрономски објект кој мисли дека е одговорен за повторувачки масовни изумирања на секои 25 до 35 милиони години.

Како докази Ремпино ги посочува настаните со големи судири кои имаат произведено кратери под заливот Чесапик меѓу Вирџинија и Мериленд и во Попигаи, Сибир, пред околу 35 милиони години и судирот К-Т на полуостровот Јукатан, „убиецот на диносауруси“ кој се случил пред околу 65 милиони години. Ремпино верува дека неколку помали докази предлагаат уште еден катастрофален судир кој се има случено пред 95 милиони години.

Ако постои темно чудовиште таму некаде, истото би можело да биде кафеаво џуџе. Ако ваква Ѕвездичка постои, би можела да тежи помалку од 40 Јупитерови маси, со што би се пикнала под радарот на анкетата 2МАЅЅ. Би имала високо елиптична орбита што би ја направила тешка за набљудување бидејќи поголем дел од времето би била многу далеку. Сепак, повеќето астрономи остануваат скептични. Ќе се дознае со време.

Превод: Јоаким Јаковлески

Извор: astronomy.com

Сподели.