SETI ќе вежба трагање по вонземен живот во хидротермалните извори

0

Некои од поинтригантните места за наоѓање на живот надвор од Земјата се наоѓаат на водените светови како Европа и Енцелад – океанските месечини на Јупитер и Сатурн. Овие светови се заробени под слоеви мраз што значи дека било какво истражување на океаните би било далеку под површината.

InVADER ќе истражува хидротермални извори, длабоко во океанските водиза да се тренаираат идните мисии на Европа и Енцелад.

Но, на нашата планета овие длабоки зони под морињата се полни со живот. Живи суштества најчесто може да се најдат во близина на хидротермалните извори. Овие пукнатини на дното на морињата ослободуваат топлина и хемикалии кои поттикнуваат постоење на интензивни биозони далеку од сончевата светлина.

Сега „Потрагата по вонземна интелегенција“ (SETI) доби грант од НАСА за да финансира нов проект наречен „In-situ нуркачки бот за анализа на извори за егзобиолошко истражување“ (InVADER). InVADER ќе ги истражува земските хидротермални извори како дел од подготовката за денот кога научниците ќе може да пратат слично такво летало во сончевиот систем да ги истражи вонземните океани и нивните сопствени хидротермални извори.

InVADER ќе ја истражи областа на подводниот вулкан Аксиал. Ова е активен вулкан една милја под површината и најголемиот вулкан на западниот раб на тектонската плоча Juan de Fuca. Мисијата ќе има три главни цели. Правата е подобро да се разбере геологијата, хемијата и биологијата околу системот на извори. Со поголемо разбирање на хидротермалните извори на Земјата научниците се надеваат дека ќе бидат подобро подготвени да го разберат она што ќе го најдат на мисиите на другите светови.

Втората цел е да се извежбаат различни научни операции кои ќе ги тестираат различните начини на одговарање на научните прашања кои треба да се истражат. Ќе се користат ласери за анализа на различните материјали како и други стратегии за собирање и анализа на податоци. Ова е проблематично кога инструментите се наоѓаат една милја под вода а уште потешко кога би биле и оддалечени милиони километри на Енцелад и Европа. InVADER може да направи слики и 3Д мапи на околината за научниците полесно да ги разберат другите отчитувања на подводниот робот.

Последната цел е демонстрација на технологијата. Тимот сака да докаже дека InVADER може да функционира во длабока подводна околина од аспект на истражување на околината како и собирањето примероци и нивното враќање во лабораторијата. SETI очекува да го лансира InVADER во летото во 2020. Прототип на роботот веќе се тестира на Универзитетот на Вашингтон. Кога ќе биде истоварена, мисијата ќе остане на подводната истражувачка локација повеќе од година правејки дневни мерења пред евентуално да се врати со примероци од камења и вода.

Додека InVADER ќе си остане безбедно на Земјата, лекциите кои ќе ги научи за земјините подводни хидротермални извори ќе ги подготват истражувачите за евентуалниот пат до океаните на водените месечини кои планетарните научници и астробиолози нестрпливо чекаат да ги истражат.

Превод: Максим Осман-Николов

Извор: astronomy.com

Сподели.