Сега и официјално може да поседувате ресурси извадени од астероидите

0
Сега и официјално може да поседувате ресурси извадени од астероидите

Еден астероид, ќе ве молам. Заслуги: MOPIC/SHUTTERSTOCK

Во изминатиот период, законите поврзани со вселенското искористување на ресурси беа навистина матни. Неколку компании ги објавија своите амбиции за доведување на парчиња астероиди назад до Земјата и продавање на металите од истите на овдешниот пазар, но според Вселенскиот договор од 1967-ма година, изгледаше дека компаниите немаат дозвола да ги поседуваат потенцијалните ресурси.

„Вселената не е подложна на национално присвојување според суверенитет, според поседување, или според било кои други намени,“ се вели во договорот. Но, што тоа навистина значи?

Сега, веќе барем во Америка, нејаснотиите од договорот исчезнаа. Сенатот неодамна донесе закон во кој се вели дека било која компанија што ќе успее да дојде до ресурси од астероид, има легални права истите да ги поседува. Оваа нова легислатива го заменува постоечкиот интернационален закон за американските компании – вклучувајќи го и Вселенскиот Договор.

Ова претставуаат одлични вести за компаниите како „Deep Space Industries“ и „Planetary Resources,“ кои сакаат да започнат со копање на астероиди за ресурси во блиска иднина, покрај тоа што остварливоста на нивните амбициозни цели е сè уште под знак прашалник. Сепак, сега веќе законот им дозволува на коmпаниите да ги донесат добиените ресурси, без никакви легални последици.

Сега и официјално може да поседувате ресурси извадени од астероидите

„Deep Space Industries“ имаат сопствени амбиции за копање на астероиди. Заслуги: DPI

Новиот договор (U.S. Commercial Space Launch Competitiveness Act, H.R. 2262) не претставува добра вест само за рударите на астероиди. Договорот исто така го одобрува користењето на приватни компании за лансирање до Меѓународната Вселенска Станица – МВС (International Space Station – ISS), поточно SpaceX и Боинг, а истовремено ја осигурува посветеноста на НАСА за МВС до 2024-та година.

„Ова ќе помогне со зајакнувањето на веќе успешната комерцијлна вселенска индустрија на Америка, особено во Флорида, каде забележуваме неверојатна трансформација на Вселенскиот центар Кенеди во едно вселенско пристаниште,“ изјави сенаторот Бил Нелсон.

Превод: Бојан Андоновски

Извор: IFL Science

Сподели.