Розета детектираше вода на таргетираната комета

0

Не е никакво изненадување дека постои многу вода во кометите. Прашливите топки мраз се полни со неа, ја има толку многу што се смета дека токму кометите се тие кои што ја донеле водата на Земјата. Но, секоја комета е уникатна, колку повеќе работи дознаваме за нив, толку повеќе можеме да ја разбереме моменталната состојба на нашиот Сончев систем и да ја составиме историјата на нашата планета.

Вселенското летало Розета на Европската вселенска агенција, ќе биде во блиска средба со кометата 67P/Churyumov-Gerasimenko во август. Иако веќе визуелно ја имаше забележано во неколку наврати откако се разбуди од својата хибернација, инструментите сега успешно детектираа вода на 67Р за прв пат, од далечина од 360,000 км – приближно на растојанието меѓу Земјата и Месечината.

Водата била забележана благодарение на Микробрановиот Инструмент за Розета Орбитер или МИРО. Резултатите беа дистрибуирани минатиот викенд до корисниците на Централното Биро за Астрономски Телеграми на МАУ (IAU):

  • С. Гулкис, Jet Propulsion лабораторија, Институтот за Технологија на Калифорнија, научниот тим на МИРО, известува дека водната линија (1_10)-(1_01) на 556.9 GHz за прв пат беше забележана на кометата 67P/Churyumov-Gerasimenko со помош на МИРО инструментот кој се наоѓа во вселенскиот брод Розета на 06.06.2014. Линијата на простирање е 0.39 +/-0.06 K км/с со амплитуда од 0.48 +/-0.06 K и ширина од 0.76 +/-0.12 км/с. За време на набљудувањето оддалеченоста на вселенскиот брод беше ~360,000 км и хелиоцентричното растојание на кометата беше 3.93 AU. Иницијалната проценка на стапката на производство на водата базирана на мерењата е помеѓу 0,5*1025молекули/с и 4*1025молекули/с.

Иако скорешните слики од 67P/C-G се чини дека укажуваат кон тоа дека светлината на кометата се намалила во текот на последните неколку месеци, таа сеуште се наоѓа на пат кон Сонцето што ќе значи дека многу повеќе ќе се затопли и ќе има многу поголема активност. Овие недамнешни мерења на МИРО покажуваат дека производството на вода е „во границите на моделите кои се користат” од научниците кои го очекуваат ова однесување.

Слика на кометата 67P/C-G направена на 4 јуни 2014 г. од Розета, на растојание од 430,000 km. Заслуги: ESA/Rosetta/MPS for OSIRIS Team MPS/UPD/LAM/IAA/SSO/INTA/UPM/DASP/IDA

Овој август, Розета ќе биде првото вселенско летало кое што ќе направи една орбита околу комета и во ноември, ќе го употреби својот Филае систем за слетување на површината. Заедно овие роботски истражувачи од прва рака ќе ги набљудуваат промените на кометата кои ќе се случуваат како резултат на најголемото приближување до Сонцето во август 2015 година.

Превод: Мартина Вељановска

Извор: Universe Today

Сподели.