879 дена! Руски космонаут го скрши рекордот за најдолго време поминато во вселената!

0

Книги за рекордните летања во вселената штотуку се препишани.

За време на минатиот викенд, рускиот космонаут Олег Кононенко, постави нов рекорд за најмногу поминати дена надвор од Земјата, со 878те дена, 11 часа и 30 минути на неговиот сонародник Геннадиј Падалка, според руската државна новинска агенција ТАСС.

рекорд

Членот на екипажот на експедицијата 59, Олег Кононенко од Роскосмос, се гледа надвор од вселенското летало Сојуз МС-11 откако тој, астронаутот на НАСА Ен Мекклејн и астронаут на Канадската вселенска агенција Дејвид Сент-Жак слетале во Казахстан на 24 јуни 2019 година (Кредит на сликата: НАСА / Бил Ингалс)

Кононенко одлета на Меѓународната вселенска станица минатиот септември, за престој кој би можел да трае цела година, па тој ќе продолжи да го зголемува својот нов рекорд уште некое време.

‚‚Се очекува дека Олег Кононенко ќе достигне вкупно 1000 дена во вселената на 5 јуни 2024 година во 00:00:20 часот по московско време. И по завршувањето на годишната експедиција (23 септември 2024), вкупното време на летање ќе биде 1110 дена‘‘ – напиша руската федерална вселенска агенција Роскосмос во објава на Телеграм. (Оригиналниот пост е на руски јазик)

Советските и Руските космонаути доминираат во книгата со рекорди за времетраење на вселенските летови. Тие ги држат првите осум места на листата за најмногу време во вселената.

Космонаут Валери Пољаков го држи рекордот за времетраење на еден лет, поминувајќи речиси 438 последователни дена на руската вселенска станица Мир, од јануари 1994 до март 1995 година.

Сегашната мисија е петтиот вселенски лет на Кононенко. Тој во моментот служи како инженер на летот, во орбиталната лабораторија Експедиција 70, но би требало да ги преземе команда на станицата подоцна овој месец, кога сегашниот командант Андреас Могенсон ќе се врати на Земјата со остатокот екипаж од мисијата Crew-7 на SpaceX.

Превод: Маца Николова

Преземено од: space.com

Сподели.