Телескопот Џејмс Веб фотографирал речиси совршен Ајнштајнов Прстен

0

Уште од објавувањето на првите слики од Вселенскиот Телескоп Џејмс Веб во јули, постојано гледаме неверојатно прекрасни фотографии – од деталната слика на Јупитер, до најдалечната позната ѕвезда. Овој пат Џејмс Веб фотографирал Ајнштајнов Прстен чија светлина патувала околу 12 милијарди светлосни години за да стигне до нас.

прстен  1

Колоризирана слика од далечниот Ајнштајнов Прстен. Заслуги: JWST/MAST; Spaceguy44/Reddit

Колоризираната слика е објавена на социјалната мрежа Reddit од еден студент по астрономија. Како што објаснува тој, Ајнштајнов Прстен настанува кога светлината од некоја галаксија е доближена и прекршена во вид на прстен од гравитацијата на некоја друга галаксија пред нејзе. Се работи за галаксијата SPT-S J041839-4751.8. Во продолжение можете да погледнете оддалечен приказ на галаксијата.

Според авторот, би било невозможно да ја видиме оваа галаксија доколку не ја гледаме како Ајнштајнов Прстен. Покрај тоа што претставува еден воодушевувачки поглед, Ајнштајновите Прстени им помагаат на астрономите да ги проучат овие далечни галаксии. Овој феномен е познат како гравитациски леќи. Ајнштајн прв го предвидел овој ефект, па затоа истиот е именуван по него.

престен 2

Галаксијата SPT-S J041839-4751.8. Заслуги: JWST/MAST; Spaceguy44/Reddit

Ефектот настанува само кога далечната галаксија, галаксијата пред неа и набљудувачот (во случајов Телескопот Џејмс Веб) се подредени во една линија. Доколку сакате да се уверите, дното на чашите за вино го предизвикуваат истиот ефект. Доколку ја ставите чашата врз некоја страница од книга, ќе забележите дека зборовите се доближени кога ќе погледнете низ чашата за вино.

Иако се работи за редок феномен, телескопот Хабл има фотографирано Ајнштајнови Прстени и претходно. Уште повеќе, ова не е првата слика од Ајнштајновиот Прстен на галаксијата SPT-S J041839-4751.8 насликана од Џејмс Веб. Камерата за Блиска инфрацрвена светлина NIRCam на телескопот Џејмс Веб ја фотографирал истата област во Август, а сликите исто така беа колоризирани и објавени на социјалните мрежи. Но таа слика не беше особено чиста.

прстен 3

Слика во близок инфрацрвен електромагнетен спектар од Ајнштајновиот Прстен. Заслуги: JWST/MAST; Spaceguy44/Reddit

Новата фотографија е сликана со Инструментот за Средна Инфрацрвена светлина MIRI. Врз оваа слика се искористени три филтри. Црвените бои се добиени со филтерот F1000W кој работи на бранови должини од 10µm. Зелената боја е добиена со филтерот F770W кој работи на бранови должини од 7.7µm, а сината боја е добиена со филтерот F650W кој работи на 5.6µm. Сликите се добиени со користење на софтверските алатки astropy и GIMP.

Извор: sciencealert.com

Сподели.