Прошетка низ Сончев Систем на денешниот час од курсот по астрономија за деца

0

Тема на денешното предавање на курсот по астрономија за деца беше Сончевиот Систем. За полесна претстава Сонцето и соодветно планетите беа прикажани во размер милијарда пати помал од вистинскиот. Потоа учевме подетално за секоја од планетите, нејзините карактеристики од типот на температура, атмосфера, дали е карпеста или гасовита, за движењето околу Сонцето, а кажавме по нешто и за природните сателити на планетите.

Така за Меркур научивме дека е најмала планета и најблизу до Сонцето, за Венера дека ротира ретроградно, нема годишни времиња и постојано има високи температури (околу 500C), и секако за Земјата и нејзината Месечина. Видовме фотографија од нашата планета направена од леталото Војаџер 1 на оддалеченост од 6 милијарди километри и неколку фотографии од мисијата Аполо 11 и првите луѓе кои стапнале на Месечината.

Покрај планетите од внатрешниот Сончев Систем, учевме и за планетите од надворешниот каде што спаѓаат Јупитер, Сатурн, Уран и Нептун како и за некои од помалите тела како астероидите и кометите. Сето ова беше организирано како надворешна активност што ја нарековме прошетка низ Сончевиот Систем така што иако растојанијата меѓу Сонцето и планетите беа намалени многу пати, нивниот сооднос одговара на вистинските растојанија.

05-01

05-02

05-003

05-04

05-05

05-06

05-07

05-08

05-09

Фотографии: Моника Тодевска

Сподели.