Според најпопуларната теорија за настанокот на Универзумот Биг Бенг, самиот почеток се состоел од огромна експлозија која создала густи облаци од честици главно создадени од водород и хелиум. Од нив со текот на времето се оформувале и првите креткотрајни ѕвезди кои за многу брзо време експлодирале во супернови. Од тие експлозии се создавал новиот матријал за втората генерација ѕвезди – сега веќе видливи преку нашите телескопи.
Научниците сметаа дека првите ѕвезди исфрлале огромна енергија при експлозиите, создавајќи ги потешките елементи како јаглерод, железо и кислород. Но, според најновите истражувања од МИТ не сите ѕвезди биле силни експлозиви. Тимот од научници кој работел на студијава детектирал далечна ѕвезда, на неколку илјадници светлосни години од нас. Откриено е дека ѕвездата има многу мало ниво на железо и е дел од втората генерација ѕвезди, создадени директно од материјата од првите ѕвезди кои било кога постоеле.
Поради навистина малата концентрација на железо во ѕвездата научниците заклучиле дека нејзиниот предок најверојатно не експлодирал многу енергично и не успеал да ги создаде очекуваните тешки елементи во јадрото.
Овие откритија ни помагаат да разбереме каква била Вселената на самите почетоци, поточно дека имало ѕвезди со мошне различни карактеристики и дека првите експлозии биле многу послаби од досегашните очекувања.
Малку повеќе за начинот на кој научниците ги прават овие истражувања. Најпрво, површината на ѕвездите ни кажува многу за нивното потекло. Односно, хемиските елементи кои се наоѓаат таму, всушност се остатоци од експлозијата која претходела. Денес, дури и најмладите гасовити ѕвезди кои се раѓаат ги содржат сите елементи од периодниот систем. За да ги откријат најмладите ѕвезди родени уште пред повеќе од 13 милијарди години, научниците трагаат по оние примероци со мали количества од првите создадени тешки елементи (како железото). Еден таков примерок, кој сега за сега е најстарата откриена ѕвезда е и веќе споменатата SMSS J031300.36-670839.3, која има 10 милиони пати помалку железо во споредба со Сонцето.
Извор: phys.org
Превод: МихаелаСтојанова