Пронајдена е бизарна хибридна ѕвезда

0
Пронајдена е бизарна хибридна ѕвезда

Малиот Магеланов облак е богат со ѕвезди од типот црвени џинови, и е поглед кон првиот индетификуван Торн- Зитков објект. Заслуги: ESA/Hubble

Минаа скоро 40 години откако Проф. Кип Торн и Д-р Ана Зитков првенствено посочија на можноста за еден црвен џин и една неутронска ѕвезда да се спојат. Сега оваа теоретска, скоро митска химера е пронајдена.

Неутронските ѕвезди се производ на супернова експлозии. Црвените џинови се подоцнежната фаза на живот кај ѕвезди со нешто помеѓу 0.3 и 8 пати поголема маса од Сонцето. Со истрошувањето на водородот од нивните јадра, црвените џинови превземаат спроведување на фузија во обвивката подалеку нанадвор, што за возврат предизвикува нивните надворешни слоеви да се прошират илјадници пати во големина. Честопати можат да прераснат во големина на орбитата на Земјата, а во некои случаи дури и поголеми.

Ако неутронската ѕвезда е во блиска орбита со црвениот џин, би била проголтана од својот придружник како што надворешните слоеви се прошируваат. Фрикциското влечење би предизвикало погустиот објект споро и спирално да стане дел од јадрото на џинот. Торн и Зитков дадоа забелешка дека таквата ѕвезда би бимала многу поинаков хемиски запис од обичниот црвен џин, а исто така и би била напојувана на многу невообичаен начин.

Сега, тим кој ја вклучува и самата Зитков, во месечниот извештај на Кралското астрономско друштво го објавија откривањето на првиот Торн-Зитков објект во Малиот Магеланов облак. Малиот Магеланов облак е џуџеста галаксија, соседна со Млечниот Пат и една од само три други галаксии кои се видливи со голо око. Скорешниот излив на ѕвездени формации го направи Малиот Магеланов облак богат со големи ѕвезди и нивни остатоци како што се бинарните икс-зраци.

Испитувајќи ги црвените џинови од Малиот Магеланов облак, Филип Мејси од Ловел опсерваторијата ги забележа необичните карактеристики на еден, HV 2112, коментирајќи, „Не знам што точно е ова, но знам дека ми се допаѓа!“. Спектарните линии на HV 2112 не наликуваа на ништо слично што Мејси го видел претходно, а со подетално испитување се покажа висока концентрација на рубидиум, литиум и молибден. Секоја од овие супстанции на периоди се прикажува самостојно во големи количества, но комбинацијата на литиум и тешки метали не била претходно забележана, освен во теоретските модели на Торн- Зитковите објекти.

„Екстремно сум среќна што опсервациски потврди за нашите теоретски предвидувања почнаа да испливуваат на површина,“ вели Зитков. „Откако Кип Торн и јас ги предложивме моделите на ѕвезди со неутронски јадра, луѓето не беа во можност да ја оспорат нашата работа. Ако теоријата е цврста, експерименталните потврди ќе се појават порано или подоцна. Така што беше прашање на идентификување на ветувачка група ѕвезди, минување доста време зад телескопот и продолжување со проектот.“

Но ако резултатите од експериментите секогаш се покажуваа како совршено точни со теориите, не би имало потреба од истражувачи. Мејси признава: „Има некои минорни непостојаности помеѓу некои од деталите кои ги откривме и она што теоријата го предвиде. Но теориските предвидувања се доста стари и од тогаш има доста подобрувања во теоријата. Се надевам дека нашето откритие ќе поттикне дополнителна работа на теориската страна од сега натаму.“

Покрај задоволството што теоријата се покажа како точна, Торн-Зитковите објекти се бараа затоа што би понудиле уникатен поглед во внатрешното работење и функционирање на многу големите ѕвезди. Проектниот лидер Емили Левезк, од Колорадо Болдер Универзитетот, вели: „Во овие внатрешнини исто така имаме и нов начин на произведување на тешки елементи во нашата Вселена. Сте слушнале дека сè е создадено од ѕвездена прашина – во внатрешноста на овие ѕвезди сега можеби имаме можност да откриеме дел од тоа.“ Се сметаше дека многу тешките елементи се произведуваат само во супернова експлозиите, но Торн-Зитковите објекти би можеле да понудат алтернативен начин за тоа како би можеле да бидат фалсификувани. Доста веројатно е дека Торн-Зитковите објекти би произвеле поинакви изобилства на одредени тешки метали за разлика од суперновите, што може да резултира со еволуција на планетите формирани околу новата генерација на ѕвезди.

Превод: Лина Конеска

Извор: IFLS

Сподели.