Пронајден е бизарен систем од пет ѕвезди различен од било што видено досега

0
Пронајден е бизарен систем од пет ѕвезди поразличен од било што видено досега

Уметнички приказ на вонземски свет со повеќе од едно сонце. Заслуга: НАСА/ JPL-Caltech

Пронајден е екстремно редок систем од пет ѕвезди, за кого астрономите велат дека е прв од ваков вид. Уникатен е по тоа што има два сета од по две ѕвезди во релативно блиски орбити околу заеднички центар на гравитација, и петта ѕвезда блиску до еден од паровите. И други петтоделни системи биле забележувани претходно, но не е забележан систем како овој, со ѕвезди кои се толку блиску една до друга.

Откритието беше направено од SuperWASP проектот (Широкоаголна потрага по планети), кој го слика целото небо на неколку минути користејќи камери на Канарските Острови и во Јужна Африка. Системот е именуван 1SWASP J093010.78+533859.5 и е лоциран на 250 светлински години од Земјата во соѕвездието Голема Мечка.

Две од бинарните ѕвезди орбитираат толку блиску една до друга, на раздалеченост помала од дијаметарот на Сонцето, така што тие споделуваат атмосфера, познато како контактен бинарен систем. Другиот пар на ѕвезди се оддалечени една од друга на 3 милиони километри и системот е еклиптично бинарен, каде орбитата на ѕвездите гледано од Земјата причинува постојани транзити.

Овие два орбитирачки пара се на раздалеченост од околу 21 милијарда километри, што е повеќе од орбитата на Плутон околу Сонцето, но научниците се изненадени од наоѓањето на петта ѕвезда на 2 милијарди километри оддалеченост од споените бинарни системи. Повеќе од 80% од сите ѕвезди во Универзумот се дел од бинарен и повеќеѕвезден систем, но ова е првиот пронајден со ваква конфигурација, со два бинарни системи во орбита и додатна петта ѕвезда.

Оваа артистичка претстава го покажува петѕвездениот систем. Најмалите орбити на бинарните ѕвезди се преувеличени во големина, инаку не би биле видливи во овој размер. Заслуга: Маркус Лор

Истражувачите во нивниот труд претпоставуваат дека фамозната петорка од ѕвезди, секоја со големина помала од нашето Сонце, можеби се формирала со „фрагментација“ на еден голем диск од прашина и гас пред максимум 10 милијарди години, поради што се сега толку блиску една до друга. Тие исто така не ја исфрлија можноста дека една или повеќе од ѕвездите може да имаат планети.

„Жителите на една ваква планета би имале небо што би ги засрамило креаторите на „Војна на ѕвездите“ (Star Wars) – некогаш би можело да има пет Сонца кои со различни осветлености би го обојувале пејзажот,“ вели во изјавата Маркус Лор. „Деновите би имале драматични варијации на нивоата на светлина како што ѕвездите транзитираат. Но, би им недостигале ноќи во поголем дел од „годината“ со оглед на тоа што би било темно само кога ѕвездите се на иста страна од светот.“

Системот ќе биде понатаму проучуван со цел да се дознае како тој и слични на него системи настанале.

Превод: Биљана Велинова

Извор: IFL Science

Сподели.