Примероци од астероидот Итокава го откриваат неговото насилно минато

0

Научниците од Универзитетот Куртин (Curtin University) допринесоа до расветлувањето на еволуцијата на астероидите, што може да помогне во спречувањето на идните судири на т.н. астероиди од куп рушевини (анг. Rubble pile asteroids) со Земјата.

Научниците проучувале две неверојатно мали честички од астероидот Итокава кои биле вратени на Земјата, откако биле собрани во 2005 година од површината на астероидот широк 500 метри од страна на јапонското вселенско летало Хајабуса.

Примероци од астероидот Итокава го откриваат неговото насилно минато

Уметнички приказ на леталото Хајабуса во близина на површината на астероидот Итокава.

Капсулата и нејзиниот скапоцен товар се вратиле на Земјата во 2010-та година, слетувајќи близу Вимер, Австралија со само околу 1500 астероидни честички на прашина – повеќето од нив многу помали од широчината на влакно од коса.

Во истражувањето, со наслов „Историјата на астероидот Итокава“ била користена техниката за датирање Аргон-Аргон, со цел да се испита кога точно се случиле настаните на ударниот кратер на Итокава, нудејќи увид во историјата на судири на астероидот.

Водечкиот автор на студијата, вонредниот професор Фред Јурдан од Одделот за применета геологија во рамките Школата за рударство на Куртин, објасни дека Итокава не е обичен астероид, со тоа што фотографиите од прелетот направени од Хајабуса пред земањето примероци во 2005-та година, покажувајќи дека имал форма на кикиритка, која наликувала на урнатини на камења и прашина повеќе од самата цврста карпа.

„Всушност, анализата на јапонските научници открива дека астероидот имал насилно минато. Пред да биде „куп рушевини“, Итокава била дел од многу поголем астероид кој бил уништен од судир со друг астероид. Нашата работа беше да се обидеме да дознаеме кога се случил тој судир,“ изјави д-р Јурдан.

Тој објасни дека анализите не биле без предизвици поради екстремно малата големина на честичките.

„Користејќи го нашиот масивен спектрометар за благородни гасови на Универзитетот Куртин, револуционерната нова машина која ја имаме прилагодено за примероци кои не се од Земјата, можевме да измериме и мали количества гас и да ги анализираме овие делчиња од Итокава,“ рече д-р Јурдан.

„Чувствителната честичка покажала мал судир што се случил пред 2.1 милијарди години, додека другата нешокирана честичка датира од многу поодамна, блиску до времето на создавање на самиот Сончев Систем”.

Според овие резултати и серија модели, научниците заклучиле дека астероидите не се растураат секогаш поради едно катаклизмично влијание. Наместо тоа, тие можат внатрешно да се фрагментираат поради судирите со средна големина кои постојано удираат во големи астероиди додека не се разбијат од ударот. Всушност, конечното влијание може да се сфати како „капка која ја прелева чашата.“

Според истражувачите, резултатите кажуваат дека Итокава веќе била скршена и повторно собрана како урнатина пред околу 2,1 милијарди години, покажувајќи дека „астеродите од куп рушевини“ можат да преживеат многу подолго време во оваа состојба отколку што истражувачите претходно мислеле.

„Ова се должи на нивната мека природа и изобилството на прашина меѓу камењата,“ додава научникот.

Тој продолжи да ги објаснува овие резултати од истражувањето не само што како нешто што е важно за да се разбере како нашиот Сончев Систем функционира, туку може и да нè информира на најдобриот начин да се спречат какви било идни судири на „астероидите од куп рушевини“ со Земјата.

Поради успехот на истражувањето на тимот, тие добија четири нови честички од Итокава и сега ќе бараат повеќе информации што треба да бидат разоткриени за овој необичен астероид.

Менаџерот на Аргон-Аргон лабораторијата на Куртин, г-ѓа Цилија Мејерс, изјави дека тимот планира да работи на примероци од мисијата Хајабуса 2, која е на пат кон астероидот Рјугу и се очекува да врати примероци на Земјата во 2020-та година.

„Ние, исто така, неодамна воспоставивме соработка со Кина, која планира да врати примероци од Месечината за неколку години,“ изјави г-ѓа Мејерс.

Превод: Бојан Николовски

Извор: Phys

Сподели.