Уживајте во оваа прекрасна фотографија од заоѓањето на месечината на Марс, Фобос. Фотографијата е направена од Кјуриосити во 2014 година, а е обработена од страна на Џастин Коварт (Justin Cowart).

Фотографијата го покажува заоѓањето на месечина зад планината Шарп (Mount Sharp) на сол¹ 613 (28 април, 2014). Гледаме комбинација од три снимики со мозаик од 360 степени направен за време на попладнето на сол 613. Заслуги: NASA / JPL / MSSS / Justin Cowart
Иако Кјуриосити е свртен кон исток, ова несомнено е заоѓање, а не изгревање на месечината Фобос. Овој сателит орбитира толку близу до Марс и се движи побрзо од неговата ротација, па затоа изгрева на западната, а заоѓа на источната страна.
¹сол – еден ден на Марс, чие траење е 24 часа, 39 минути и 35,244 секунди.
Превод: Михаела Стојанова
Извор: Planetary Society