Сончевиот Систем е многу впечатливо место: зачудува со својата природа, без разлика дали станува збор за измачената, од вулкани избраздена површина на Меркур, темно црвените планини на Марс или преубавите прстени на Сатурн. Целата оваа убавина ќе останеше незабележена, односно не би ни постоела да не е нашата локална ѕвезда која со својата светлина ни овозможува да сведочиме за истото.
Рон Милер, сликар и илустратор, над 40 години се занимава со цртање на теми од Универзумот, а сега, инспириран од фотографиите кои ги испрати сондата Нови Хоризонти од Плутон, направи илустрации како изгледа Сонцето гледано од секоја од планетите во нашиот систем. Резултатите од неговата работа се навистина импресивни и судејќи по коментарите многу реалистични.

Поглед од површината на Меркур, 58 милиони километри оддалечен од Сонцето. Заслуги: Ron Miller

Низ густата атмосфера на Венера, оддалечена од Сонцето 108 милиони километри, неговите зраци тешко можат да се пробијат. Заслуги: Ron Miller

Третата планета е нашиот дом, на оддалеченост од 150 милиони километри. Доколку сте набљудувале целосно затемнување на Сонцето, оваа глетка не ви е непозната. Заслуги: Ron Miller

Опустошената, мртва површина на Марс дава застрашувачко чувство – тој се наоѓа на оддалеченост од 228 милиони километри од Сонцето. Заслуги: Ron Miller

Јупитер, гледан од површината на неговата месечина Европа. Тој се наоѓа на 780 милиони километри од Сонцето. Заслуги: Ron Miller

Благодарение на прстените кои го опкружуваат, најнезаборавниот поглед на Сонцето веројатно ќе биде од Сатурн. Тие се меѓусебно оддалечени 1.43 милијарди километри. Заслуги: Ron Miller

Уран, гледан од месечината Ариел, оддалечен од Сонцето 2.9 милијарди километри. Заслуги: Ron Miller

Нептун и Сонцето се прикажани од перспектива на набљудувач на месечината Тритон. Оддалеченоста на Нептун од Сонцето е 4.5 милијарди километри. Заслуги: Ron Miller

Погледот од Плутон, иако административната одлука повеќе не го сместува во категоријата планети, изгледа вака. Средната оддалеченост од Сонцето изнесува 5.9 милијарди километри. Заслуги: Ron Miller
Превод: Александра Бошкова
Извор: Znanost, IFL Science