Плутон е резултат од соединувањето на милијарда комети

0

Вселенското летало на НАСА Нови Хоризонти ја долови оваа слика на Спутник Планитиа – глациален простор богат со јаглероден моноксид и мраз од метан – го формира левиот лобус на регион на површината на Плутон во форма на срце. Научници од Југозападниот Истражувачки Институт ја проучуваат градбата од азот и јаглерод моноксид на џуџестата планета за да развијат нова теорија за нејзиното формирање. Заслуги: НАСА/Џон Хопкинс Универзитет Лабораторија на Применета Физика/SwRI

Плутон е во центарот на многу внимание за повеќе од една деценија. Ова почнало кратко по откритието на Ерида во Кајперовиот појас, еден од многуте објекти во Кајперовиот појас (Kuiper Belt Objects – KBOs) што доведе до “големата планетарна дебата” и IAU резолуцијата во 2006. Исто така интересот за Плутон се зголеми значително благодарејки на Нови Хоризонти мисијата, во која се спровел првиот прелет покрај џуџестата планета во Јули, 2015.

Податоците добиени за Плутон од мисијата се сеуште богатство за астрономи, доведувајќи до нови откритија за површината на Плутон, композиција, атмосфера и дури формација. Како на пример, ново истражување изведено од истражувачи од Југозападниот Истражувачки Институт (и подржан од НАСА Розета финансирање) укажува дека Плутон можеби се формирал од соединувањето на неколку милијарда комети.

Истражувањето – наслов: “Примордиалниот N2 дава космохемиско објаснување за постоењето на Спутник Планитиа на Плутон”, скоро се појави во научното списание “Icarus”. Истражувањето е авторирано од Д-р Кристофер Р. Глин – истражувач во Југозападен Истражувачки Институт, Дивизија за Вселенска Наука и Инженерство – и Д-р Џ. Хантер Вајте II, програмски директор.

Првиот Кајперов појас е дом на повеќе од 100,000 астероиди и комети што се повеќе од 100км(62 милји) во дијаметар. Заслуги: JHUAPL

Потеклото на Плутон е нешто стара тема за размислување на астрономите за значителен период на време. Една рана хипотеза имплицирала дека е сателит на Нептун што бил исфрлен од својата орбита од страна на денешниот најголем сателит на Нептун, Тритон. Но оваа хипотеза била докажана како грешна откако динамични истражувања покажале дека Плутон не пристапува до Нептун во својата орбита. Со откритието на Кајперовиот појас во 1922, вистинското потекло на Плутон стана јасно.

Додека Плутон е најголемиот објект во Кајперовиот појас, неговата орбита и композиција е слична со објекти направени од мраз околу него. Заради тоа некои од овие објекти се исфрлени од Кајперовиот појас и станале долго-периодични комети во Внатрешниот Сончев Систем. За да се утврди дека Плутон се формирал од милијарда комети, Д-р Глен и Д-р Ваите II испитале податоци од Нови Хоризонти за мразот на Спутник Планитиа. Потоа ги споредиле податоците добиени од НАСА/ЕСА Розета мисијата, која го испита кометата 67P/Churyumov – Gerasimenko (67P) помегу 2014 и 2016.

Д-р Глен објаснил: “Ние го развивме она што го нарекуваме ‘големата комета’ космохемиски модел на формирање на Плутон. Ние најдовме поврзаност помеѓу предвидената количина на азот во глечерот и количината што би ја очекувале ако Плутон бил создаден од агломерацијата од околу милијарда комети или други објекти во Кајперовиот Појас слични во хемиска композиција со 67P, кометата што беше истражувана од Розета”

Нови Хоризонти Јули,2015 прелет на Плутон ја фотографира оваа иконична слика од регионот во форма на срце наречен “Tombaugh Regio” Заслуги: НАСА/JHUAPL/SwRI

Ова истражување сега е во натпревар со друга теорија, позната како “Соларниот Модел”. Во ова сценарио, Плутон е формиран од многу ладни мразулци што биле дел од протопланетарниот диск, и така би имал хемиска композиција која е слична на Сонцето. За да се одреди кое сценарио е поверојатно, научниците морале да разберат не само колку азот е присутен во Плутон денес (во атмосферата и глечерите), туку и колку би бил исфрлен надвор во всленета преку епохите.

Потоа треба да смислат објаснување за сегашната пропорција помеѓу јаглерод моноксид и азот. Малата количина на јаглерод моноксид во Плутон може да се објасни само со закопување на површински мразови или уништување од течна вода. На крајот, истражувањето на Д-р Глен и Д-р Ваите укажува дека иницијалната хемиска градба на Плутон, која е направена од комети, била модифицирана од течна вода, веројатно во форма на подземен океан.

“Ова истражување гради врз успесите на Нови Хоризонти и Розета мисиите за да го прошират нашето разбирање за потеклото на Плутон” додаде Д-р Глен. “Употребувајки ја хемијата како детективски алат, ние можеме да поврземе карактеристики што ги гледаме на Плутон денес до процесите на формирање во минатото. Ова доведува до нова вредност на животната приказна на Плутон, за која штотуку почнуваме да слушаме”

Иако истражувањето дава интересно објаснување за како бил формиран Плутон, Соларниот Модел уште сепак задоволува некои критериуми каде што моделот на големата комета не успева. Повеќе истражување е потребно пред научниците да можат конкретно да докажат како бил создаден Плутон. Иако податоците од Нови Хоризонти и Розета мисиите се недоволни, можеби мисијата Нови Граници ќе ја реши мистеријата.

Превод: Ристе Нашков

Извор: Universe Today

Сподели.