Запознајте ги плунетите! Месечините во заблуда да станат планети со најслаткото име во астрономијата

0

Како се нарекуваат егзомесечините кои побегнале од своите планети? „Плунети“ (Moon + Planet = Ploonet) секако!

Научниците предходно го предложија саканиот термин „месечномесечини” (moonmoons) за месечините кои орбитираат околу месечините на планетите во далечните  сончеви системи. Сега друг тим на истражувачи го скова мелодичниот прекар „плунети“ за месечините на џиновските планети кои орбитираат врели звезди кои под одредени околности ги напуштаат своите орбити станувајки сателити на самата ѕвезда.

плунет

Уметничка илистрација на потенционална егзомесечина, која орбитира околу гасовита планета во некој далечен соларен систем.
Credit: NASA GSFC/Jay Friedlander and Britt Griswold

Поранешната „неврзана“ месечина сега има орбита како на планета правејки ја „плунета“.Плунетите и сите егзомесечини допрва треба да се детектираат. Но Плунетите можат да произведат светлосни сигнали кои може да се идентификуваат од телескопите кои ловат планети вели група истражувачи. Нивните откритија беа објавени на 27 Јуни во журналот arXiv и сеуште не се прегледани од независно тело.

Во студијата научниците создаваат компјутерски модели за да тестираат сценарија при кои една месечина може да стане плунета. Истражувачите откриле дека ако една месечина орбитира околу тип на егзопланета познат како „врел Јупитер“ – масивен гасовит џин близу една ѕвезда – гравитационата борба меѓу ѕвездата и планетата може да е доволно моќна да ја исфрли месечината од својата орбита околу планетата и да ја прави на пат околу ѕвездата.

При орбитарање околу блиска ѕвезда атмосферата на плунетата може да испари за време на транзит при што светот ќе изгуби дел од својата маса оставајки специфична трага во светлината која се емитува во близина на ѕвездата. Ова е трагата која телескопите би можеле да ја детектираат.

Всушност недамнешните набљудувања на мистериозните емисии на светлина околу далечните врели ѕвезди, според студијата, може да се објаснат со појавувањето и одложената смрт на залутаните плунети.

Некои плунети може да ја одржат својата орбита стотици милиони години. Акретирајки материјал од дискот на прав и гас околу својата ѕвезда, според авторите, една плунета може да го надгради своето тело додека евентуално не стане мала планета.

Сепак, повеќето плунети најверојатно имаат краток животен век според симулациите. Најголемиот дел од овие милно именувани објекти исчезнуваат за помалку од само милион години и никогаш не стануваат планети, наместо тоа се дезинтегрираат за време на судирите со нивните поранешни планети домаќини, се голтнати од ѕвездидте во акт на „планетарен канибализам“ или се исфрлени од орбита во вселената.

Превод: Максим Осман-Николов

Извор: www.livescience.com

Сподели.