Има милијарди дијамантски планети во наша галаксија

0

Планетата Земја, од хемиска гледна точка, е кислородна планета, не поради кислородот во атмосферата, туку тој што е заробен во карпите во внатрешноста. Земјината кора е составена од 48% кислород, 28% силициум, 8% алуминиум  и 5% железо. Во земјиниот плашт, кислород може да се најде во состав на два вида субстанци, силициум оксиди и магнезиум оксиди, кои составуваат 80-90% од плаштот.

дијамант 1

Илустрација на планета богата со јаглерод, богата со минерали од дијамант и силицијум. Заслуги: Credit: Shim/ASU/Vecteezy

Иако, фактот што Земјата е кислородна планета звучи зачудувачи, од научна гледна точка има потполна смисла. Сонцето исто така е кислородна ѕвезда, односно количеството на кислород во него во споредба со другите елементи, особено јаглерод, е големо. Најверојатното објаснување за ова е дека остатоците од супернова од кои се создало Сонцето и соседните ѕвезди биле богати со кислород, односно дека ѕвездата која експлодирала била кислородна ѕвезда.

Со откритието на нови планети, научниците сфатиле дека постојат многу други различни видови на планети кои не се присутни во Сончевиот систем, како на пример железни планети, јаглеродни планети, водени планети и планети од јаглерод моноксид. Бидејќи композицијата на планетите зависи од ѕвездата, а можеме да го дознаеме хемискиот состав на ѕвездите, најчесто и составот на планетите ни е познат.

дијаманти 2

Астрономи имаат пресметано големини на планетите во зависноста од нивниот состав. Заслуги: Marc Kuchner/NASA GSFC

Од досега откриените планети, околу 12% имаат висок сооднос на јаглерод спрема кислород и некои од нив имаат уникатни композиции и структури. Планетата 55 Cancri e, која сега е позната како планета Џенсен по францускиот астроном Џулс Џенсен, има големо количество на јаглерод со сооднос на јаглерод спрема кислород од 78%, поради што научниците веруваат дека е дијамантска планета.

Голем дел од составот на овие таканаречени дијамантски планети се силициум карбиди. Се верува дека водата е присутна насекаде во нашата галаксија, па најверојатно е пристна и на овие планети. Со милони години водата се акомулира на површината и започнува да реагира со силициум карбидите во услови на високи температури и притисок. Научницете се обиделе да ги рекреират овие услови на Земјата со позната техника наречена ќелија со дијамантска наковална – уред со висок притисок што овозможува компресија на мало (под-милиметарско) парче материјал до екстремни притисоци. Со употреба на ласер може да се креираат и многу високи температури. Во овој експеримент научниците откриле дека при овие услови, хемиската реакција на вода и силициум карбидите резултира во дијамнтни силикати. На планетите најверојатна се созадава дебел дијаматнски плашт и дебела силикатна кора.

дијамант 3

Уметничка визија на планета богата со јаглерод. Површина е темна и црвенкаста заради депозити на јаленоводороди.

Дијамантите се едни од најтврдите материјали што значи дека на овие планети не би имало појава на тектонски активност како на Земјата. Како продукти од реакциите ќе бидат  метан и водород кои ќе се акомулираат на површината бидејќи не можат да бидат апсорбирани во кората и ќе се создаде густа атмосфера со екстремни услови, и температури и до 3000К.

Вонземси живот сличен на земскиот не би бил возможен на овие планети. Без циркулација во атмосферата дури ни екстремофилите не би можеле да преживеат.  Единствено,  јаглероден живот кој е многу различен од било што познато досега би бил возможен.

Научниците се сигурни за начините на идентификација на овие планети.  Јаглеродниот слој  би создал промени во густината што би ја направило планетата помасивна од што би требала да биде. Овие промени можат да се дознаат ако се знае радиусот и масата на планетата, што лесно се дознаваат со досега познатите техники.

Најблиската ваква планета досега откриена е претходно спомнатата планетата 55 Cancri e, која е 41 светлосна година оддалечена од нас. 55 Cancri e направена од најмалку 30% дијаманти, споредено со Земјата на која дијамантите 0.001% од нејзината маса.

Превод: Бојана Стефаноска

Извор: https://youtu.be/lA4Rl40Yoso

Сподели.