План од Белата куќа за справување со астероид-убиец

0
План од Белата куќа за справување со астероид-убиец

Уметнички приказ на судир со астероид. Заслуги: MURATART/SHUTTERSTOCK

Некој ден во иднина најверојатно ќе се соочиме со астероид-убиец кој се движи кон нас, заканувајќи се дека ќе предизвика огромна штета на нашата планета, а шансите не се во наша полза.

За да бидеме подготвеност за овој ден, Белата куќа на 30 декември 2016 објави стратегија за подготвеност при вакви ситуации. Деталите зборуваат за начинот на сопирање на ваква катастрофа и за тоа како да се однесуваме доколку се случи најлошото и би нè погодил огромен астероид.

Вакви случувања не се без преседан. Се знае дека диносаурусите биле избришани од постоење поради удар од астероид широк 10 километри, многу помали метеорити паѓаат на Земјата секој ден. Многу од нив остануваат незабележани, но некои од нив знаат и да предизвикаат штета како оној во Челјабинск, Русија во 2013 година.

План од Белата куќа за справување со астероид-убиец

Многу астероиди остануваат незаблележани од институциите. Заслуги: NASA/JPL-Caltech

Неколку институции работат на следење на овие астероиди, како што е Бирото за координација на планетарна одбрана (PDCO) на НАСА, но и покрај тоа повеќето научници сметаат дека не правиме доволно. Познати ни се илјадници астероиди кои се доближуваат до планетата Земја, но повеќе од две третини остануваат незабележани.

Новиот извештај е подготвен од група наречена DAMIEN, составена во јануари 2016 од НАСА. Извештајот предлага појачување на нивото на детекција на астероиди и нивно следење, со цел да се спречи најлошото сценарио во иднина.

„За разлика од други природни катастрофи, вакви судири се предвидливи многу години однапред и нивното спречување е возможно,“ запишано е во извештајот.

„Иако моментално глобален лидер во детекција и следење на вакви објекти е САД, потребна е соработка и координација со други меѓународни институции, со цел да се развијат способности за карактеризација, а во иднина и развој на стратегија за избегнување на судири со вакви тела.“

Доколку биде забележан астероид кој ќе се судри со Земјата, би биле потребни околу 8 години за да се подготви мисија со цел да се одврати астероидот, што значи дека раното откривање на проблемот е задолжително. НАСА планира да тестира систем за одвраќање на астероиди во 2022, наречен AIDA.

Но, постојат шанси дека астероидот нема да биде забележан и ќе дојде до судир со нашата планета, а за ваков случај во извештајот е напишано и како би требало да се однесуваме во случај на судир. Според извештајот, процедурата за опоравување од ваков судир ќе биде слична на онаа по земјотреси и урагани.

Превод: Бобан Панов

Извор: IFL Science

Сподели.