Ова се преубавите последни слики од сондата Розета

0

Заслуги: ESA/ATG/ROSETTA/NAVCAM

Европската Вселенска Агенција (ЕСА) ги објавила последните слики од Розета при планираниот судир во површината на комета во септември 2016 год.

Сондата Розета е лансирана во 2004 год. и влегла во орбита на кометата 67П/Чурјумов-Герасименко во 2014 год. каде што поминала две години. При процесот сондата направила воодушевувачки фотографии, го студирала составот на кометата и дури го поставила слетувачката сонда Филе на површина на кометата во ноември 2014 год.

Сега ЕСА ги објавила крајните слики во висока резолуција од камерата на системите за снимање на сондата. Овие слики се направени во периодот од крајот на јули 2016 год. до крајот на мисијата на 30 септември 2016 год., вклучувајќи ги драматичните моменти кога сондата се судрила во површината на кометата.

Последните слики се составени во видео кое ги вклучува последните слики од Филе сондата која отскокнала два пати од површината и се загубила под брдо се до последните недели пред крајот на мисијата.

Во последните две месеци на мисијата, Розета била доближувана се поблиску до кометата, давајќи шанса на сондата да направи одлични фотографии и мерења. Во последните саати сондата испитувала древна јама и испратила слики од местото за судир.

Последната слика од сондата е на 20 метри оддалеченост од површината. Мисијата сепак не е готова така што сеуште се испитуваат податоците од кометата и тоа каква улога имала кометата во настанувањето на Соларниот Систем.

Последната слика од Розета Заслуги: ESA/Rosetta/MPS за OSIRIS тимот MPS/UPD/LAM/IAA/SSO/INTA/UPM/DASP/IDA

Можете да ги разгледате сите слики од Розета на овој линк.

Превод: Јован Милосковски

Извор: IFLScience

Сподели.