Откриени се стотина гејзери на Енцелад

0
Поглед на долината со гејзери на месечината Енцелад. Двете линии на дното од фотографијата се двата најактивни и најтопли гејзери. Извор: NASA/ESA/ITA.

Поглед на долината со гејзери на месечината Енцелад. Двете линии на дното од фотографијата се двата најактивни и најтопли гејзери. Извор: NASA/ESA/ITA.

Веќе се лоцирани и избројани гејзерите на Енцелад и според податоците научниците претпоставуваат дека ова може да биде најдоброто место за потрага по вонземски живот во рамките на Сончевиот Систем.

Поради меѓусебното гравитациско влијание на оваа месечина со Сатурн и месечината Диона, дел од внатрешноста на Енцелад се стопил и биле создадени врели точки од кои се исфрлаат гејзерите. Иако гравитациските привлекувања се објаснување за појавата на овие гејзери, сепак останува прашањето за нивните механизми на функционирање. Според една теорија гравитациските влијанија ги поттикнуваат мразовите да се тријат еден со друг, произведувајќи топлина близу до површината. Друга, алтернативна теорија предлага дека станува збор за млазови од зовриена вода кои од длабочината се исфрлаат над површината.

При процесот на истражување и мапирање биле откриени врели точки со ширина од околу 10 метри од кои извира по еден гејзер. Теоретски, местата со стопен мраз кои би настанале како последица на триење помеѓу слоевите мраз би биле многу поголеми. Затоа, може да се претпостави дека овие гејзери се по потекло од потповршинско море со вода во течна состојба.

Ова секако, не е доказ дека на оваа Сатурнова месечина има живот.

Превод: Михаела Стојанова

Извор: IFL Science

Сподели.