Откриен е нов планетарен систем на само 54 светлински години од нас

0
Откриен е нов планетарен систем на само 54 светлински години од нас

Уметничка илустрација на планета која кружи околу HD 7924, гледајќи кон Сонцето и Млечниот пат. Извор: Карен Терамура, Институт за астрономија, Универзитет од Хаваи.

Астрономите открија нов планетарен систем кој се наоѓа релативно блиску до нас, на оддалеченост од 54 светлински години. Ова претставува одлична можност за забрзување на потрагата по блиски планети. Последниве неколку години беа плодни за потрагата по вонземски планети, но повеќето од нив се наоѓаат доволно далеку со што понатамошните истражувања беа отежнати или оневозможени.

Астрономите од опсерваторијата Лик (Lick) почнаа со употреба на Автоматскиот пребарувач на планети (Automated Planet Finder – APF). На кратко, дополнитено е развиен софтвер кој ги заменува луѓето при ноќните дежурни смени.

Една од ѕвездите кои биле истражувани е и HD 7924, која од нас е оддалечена 54 светлински години. Оваа ѕвезда е поблиску од речиси сите планети кои беа откриени од Кеплер во изминативе години. Со комбинирани истражувања од опсерваторијата Кек (Keck) и Автоматското пребарување планети се открија докази за две планети кои се блиску до ѕвездата. Едната има орбита од 15, а другата од 24 денa. Како за споредба, на Меркур му се потребни 88 денови за да ја заврши орбитата околу Сонцето. Иако HD 7924 испушта помалку од две петини од светлината која ја емитува нашето Сонце, сепак овие планети се премногу доближени. Па така, тие имаат пеколни услови кои со сигурност не поддржуваат живот.

Превод: Михаела Стојанова

Извор: IFL Science

Сподели.