Во лов на молекули за да пронајдеме нови планети

0

Планети стануваат видливи кога бараме молекули од вода (H2O) или јаглероден моноксид (CO). Сепак, бидејќи нема метан (CH4) и амонијак (NH3) во нејзината атмосфера, при потрага на овие молекули таа останува невидлива.  Нејзината матична ѕвезда исто така не содржи ниту еден од овие четири елементи. Заслуги: Phys.org, UNIGE (Универзитет на Женева)

Невозможно е да се добијат директни слики од егзопланети, без тие да бидат прикриени од високиот интензитет на светлината на нивните ѕвезди. Но, астрономи предводени од Универзитетот на Женева (УНИГЕ) предлагаат потрага по посебни молекули присутни во самата атмосфера на егзопланетата. Единствен услов е овие исти молекули да се отсутни од составот на нејзината ѕвезда. За таа цел е развиен уред кој реагира на овие селектирани молекули, ја засенува ѕвездата правејќи ја невидлива и им овозможува на астрономите да ја набљудуваат планентата. Резултатите се објавени во списанието Астрономија и Астрофизика.

Се досега, само неколку планети лоцирани на голема далечина од нивните матични ѕвезди можеле да бидат истакнати во фотографија и тоа благодарение на инструментот СПХЕРЕ инсталиран на Многу Големиот телескоп во Чиле и слични такви инструменти на други места. Џенс Хоејџимејкерс, истражувач во одделот за астрономија во опсерваторијата на Факултетот за Науки на УНИГЕ и член на НЦЦР ПланетС, се прашувал дали би било можно да се истражи молекуларниот состав на планетите. „Со фокусирање на молекулите единствено присутни во проучуваната егзопланета, а кои што пројавуваат отсуство во составот на матичната ѕвезда, нашата техника ефективно би ја засенила ѕвездата, оставајќи ја само егзопланетата.“, тој објаснува.

За тестирање на оваа техника, Хоејџимејкерс и еден интернационален тим на астрономи користеле архивски фотографии од ѕвездата Pictoris B околу која е познато дека орбитира огромната планета Beta Pictoris B, при што бил користен инструментот СИНФОНИ. Секој пиксел во овие фотографии содржи спектар на светлина добиен од самиот тој пиксел. Астрономите подоцна ова го искористиле за споредба на спектарот кој што се содржел во пикселот со спектарот што одговарал на дадената молекула, па на пример да се види дали водена пареа има некаква корелација во двата спектри. Доколку се најде некаква корелација, тоа значи дека молекулата е присутна во атмосферата на планетата.

Користејќи ја оваа техника на Beta Pictoris B, планетата станала совршено видлива особено за време на потрагата по вода (H20) и јаглероден моноксид (CO). Меѓутоа во потрага по метан и амонјак таа останала невидлива, што ни сугерира на отсуството на овие молекули во атмосферата на ѕвездата.

Матичната ѕвезда Beta Bictoris B останала невидлива во сите четири ситуации. Ѕвездата е неверојатно жешка, и поради таквите високи температури сите овие четири молекули биле уништени. “Ова е причината поради којашто оваа техника ни овозможува не само да ги откриваме елементите на површината на планетата туку и да се оспознаемe со температурата која што владее таму.” Фактот дека истражувањата не можат да ја пронајдат Beta Pictoris B користејќи го спектарот на метан (CH4) и амониум (NH3) е во согласност со температурата на планетата проценета на 1700 степени, којашто пак е превисока за да можат овие молекули да опстојат.

“Оваа техника е во нејзината инфантилна точка на развој.”, вели Хоејџимејкерс. “Би требало да го смени начинот на кој што планетите и нивната атмосфера се претставени. Ние сме многу возбудени да го проследиме она што ќе ни го даде со идните спектографи како ЕРИС на Многу Големиот телескоп во Чиле или ХАРМОНИ на Екстремно Големиот телескоп исто така во Чиле кој ќе биде пуштен во употреба во 2025 година,” вели тој.

Превод: Анастасија Младеновска

Извор: Phys

Сподели.