Астрономите штотуку открија комета толку голема, штотаа може да е всушност мала планета. Објектот е именуван 2014 UN271. Астрономите Педро Бернардинели и Гери Бернштајн ја пронајдоа во архивските аркивските фотографии од истражувањето за темна енергија. Се чини дека е широка околу 100 км, 2 или 3 пати поголема од огромната-кометата Хејл-Боп (Hale-Bopp) од 90-тите години на минатиот век.
Сега, лошите вести. Иако 2014 UN271 се движи кон сонцето, можеби никогаш нема да ја видиме со голи очи. На најблискиот пристап на почетокот на 2031 година, кометата ќе биде одалечена скоро колку Сатурн, премногу далеку за гледање со голо око. Некои астрономи проценуваат максимална визуелна магнитуда би била близу +17, скоро иста како и месечината на Плутон Харон (многу темна).
Сè уште е неверојатно откритие. 2014 UN271 има крајно издолжена орбита која се протега од соседството на Сатурн до неверојатна оддалеченост од скоро 1 светлосна година. На далечните точки од својата орбита, 2014 UN271 едвај ја чувствува сончевата гравитација и може да биде извадена од нејзината сончева орбита заедно со ефемерното влечење на галактичките плими. Откривањето на таков патник за време на неговата краткотрајна посета на планетите е навистина среќна околност.
Се зборува за вселенска мисија за пресретнување на 2014 UN271. Европската вселенска агенција гради летало наречена „Комета пресретнувач“дизајнирана да истражува комети што доаѓаат од надвор од нашиотсончев систем. Можеби тоа, или нешто слично, ќе може да ја посети 2014 UN271 за една деценија од сега.
Со ваков предмет, мора да очекуваме изненадувања. 2014 UN271 сигурно не претставува закана за Земјата, но може да стане посветла (или потемна) отколку што се очекува. Повеќе групи астрономи веќе откриле знаци наисфралање гасови, иако 2014 UN271 сè уште е подалеку од Уран. Раните знаци на активност може да значат дека кометата би можела да биде видлива низ мали телескопи,а дури и голото око.
За да дознаете повеќе за овој објект, ве охрабруваме да го прочитате Твитер фидот на ко-откривачот Педро Бернардинели.
Превод: Христијан Петрески
Извор: spaceweatherarchive.com