Израмнувања (Offsetting) на секундардното огледало

0

Израмнувњето на секундарното огледало е најмалку разбраниот аспект на колимацијата. За среќа неговото разбирање не е потребно за да се колимира инструмент. Сепак, поради нивото на дискусија на оваа тема вреди да се разгледа.

Ако го поставиме секундарното огледало централно во телескопската цевка, при што оптичката оска на примарното огледало е во центарот на елиптиката на дијагоналното огледало ќе се добие ситуација како на дијаграмот А. Засенетата област покажува каде светлината од примарното огледало ќе се рефлектира во секундарното – на фокалната рамнина, што го дефинира целото осветлено поле. Во него може да се види светлината од целото огледало, додека надвор од него дел од светлината се губи. Она што го сакаме е целосно осветленото поле да е центрирано во окуларот. Но, како што може да видиме овде тоа не е така – поместено е во однос на примарното огледало. Оваа ситуација е позната како неизрамнета колимација. Иако оваа ситуација не предизвикува големи проблеми, лесно може да се избегне.

На дијаграмот B израмнувањето е постигнато со лизгање на секундарното огледало настрана од фокусерот кон примарното огледало. Сега целосно осветленото поле е центрирано во окуларот но секундарното огледало не е повеќе центрирано во телескопската цевка. Оваа ситуација е позната како целосно израмнета колимација.

Но што доколку сакаме целосно осветленото поле да е центирано во окуларот, но да го оставиме секундарното огледало центрирано во телескопската цевка? Ова може да се постигне како што се гледа на дијаграмот C со мало подесување на закривеноста на двете огледала. Сега оптичката оска е малку накривена во телескопската цевка. Во праксата ова не представува проблем бидејки закривеноста не е никогаш повеќе од мал дел од степен. Бидејки секундарното огледало е израмнето во цевката оваа ситуација се нарекува делумно израмнета колимација. Ова е без сомнеж најчестата ситуација дури и меѓу сопствениците на телескопи кои може и да не знаат дека секундарното огледало на нивниот телескоп е израмнето.

Ако се користи помагало за колимација при центрирање на секундарното огледало како што беше предходно опишано автоматски ќе се израмни секундарното кон примарното огледало со што ќе се центрира и целосно осветленото поле. ( При користење на туба за набљудување целта е да направиме блиските и далечните рабови на секундарното огледало да изгледа како да имаат иста аголна големина. Ова значи дека растојанието од далечниот раб на секундарното огледало до оптичката оска е поголемо од тоа меѓу блискиот раб и оската. Ова представува израмнување. ) И делумното и целосното израмнување даваат добра колимација.

За пресметка на израмнувањето се користи – (големуната на секундарното огледало) / (4*фокалниот однос)

Со што се добива величината на поместувањето на секундарното огледало кон примарното и величината на поместувањето настрана од фокусерот за целосно израмнета колимација.

Превод: Максим Осман-Николов

Извор:https://www.skyandtelescope.com/astronomy-equipment/offsetting-your-secondary-mirror/?fbclid=IwAR0h16OGGRZ1rtyA6IqtGfjrFuuumbHPo7AXkMUiWyhdqGobt6wzI1E91rc

 

Сподели.