За вселената отсекогаш се сметало дека важи поморскиот закон, но Законот за Вселена на САД од 2015 го прави ова спорно.
За време на Денот на Благодарноста, кога многу американци уживаа во храна и пиење, претседателот Барак Обама потпиша нов предлог закон за вселената. Целта на новиот закон е да се поттикне експанзија на бизнис во вселената преку вадење на ресурси. Но, со ова, предлог законот им дава право на сопсвеност во вселената на компаниите, што е спротивно на интернационалниот договор дека вселената не припаѓа никому.
Предлог законот вклучува:
„Било кои ресурси добиени од астероиди во вселената се припадност на ентитетот кој ги добил, на кој ќе му бидат пропишани сите права на сопственост врз нив, во согласност со федералниот закон и меѓународните обврски.“
Овој предлог закон плука в лице на два интернационални договори за законите на вселената (во легална смисла): Договорот за Вселената од 1967 и Договорот за Месечината од 1979. САД го има потпишано првиот, но не и вториот. Договорот за Месечината забранува да се изведуваат комерцијални рударски дејности додека не постои интернационално тело кое ќе ги надледува тие дејствија. САД се чини дека се задоволни кога ги игнорираат договорите и го трансформираат космосот во див запад, со тоа што сакаат да ја повторат Калифорниската Златна Треска во вселената. Вадењето ресурси во вселената може да се чини како нереална идеја од научно фантастични приказни, но водичите во индустријата предвидуваат дека рударство на астероиди би можело да се изведе до 2025. Да, компании за вадење ресурси од астероиди постојат, вели наградуваниот новинар Стивен Котлер. „И исто така имаме сериозни економски причини да го спроведеме ова. Голем дел од металите, ретки на Земјата кои ни се потребни за правење на целата електронска опрема, се многу оскудни на Земјата, а ги има во изобилие во вселената.“
Постои огромен комерцијален потенцијал, но исто така и многу грижи помеѓу научниците за тоа што може ваквите дејствија да направат за штета на откритијата. Доколку не постои надзор, целестијалните тела може да бидат контаминирани, поматувајќи ги индикациите за постоењето на Земјата или откривањето на вонземски живот.
Има многу што да се загуби овде, но САД смета дека има право да подари сè.
Превод: Биљана Велинова
Извор: Bigthink