„Нови хоризонти“ ја сними џуџестата планета Кваоар

0
„Нови хоризонти“ ја сними џуџестата планета Кваоар

Снимката за Кваоар од апаратот „Нови Хоризонти“ на растојание од 2.1 милијарди километри. Двете спирални галаксии се IC 1048 и UGC 09485. Тие се околу 370 милијарди пати подалеку од леталото отколку Кваоар. Заслуги: NASA/JHUAPL/SwRI

Камерите на меѓупланетарниот апарат „Нови Хоризонти“ (New Horizons) ја снимиле необичната џуџеста планета Кваоар (Quaoar) на растојание од над две милијарди километри.

Џуџестата планета Кваоар (50000 Quaoar) ја откриле познатите „ловци на планети“ Скот Шепард (Scott Sheppard) и Чад Трухијо (Chad Trujillo) во 2002 година. Според обликот и карактеристиките Кваоар претставува типичен објект од Кајперовиот појас. Двојно помал од Плутон (има пречник од 1,110 км) Кваоар се состои од лед и замрзнат гас (како и „деветата планета“ којашто апаратот Нови Хоризонти ја посети пред година дена), а околку Сонцето се движи по скоро кружна орбита.

Револуцијата на Кваоар изнесува 284 години. Во афел (најдалечна точка во однос на Сонцето) Кваоар е 43 пати подалеку од матичната звезда споредено со Земајта. Џуџестата планета до сега има еден регистриран сателит наречен Вејвот (Weywot) кој има пречник од 74 км. Сателитот е откриен благодарејќи на снимките од Вселенскиот телескоп Хабл (Hubble).

Во средината на јули оваа година беа објавени првите поквалитетни фотографии од Кваоар, коишто ги направи камерата LORRI за време на најмалото растојание од џуџестата планета. Тогаш, за време од неколку дена, сондата летала на 2,1 милијарди километри од малата планета, којашто инаку се наоѓа на околу 6,4 милијарди километри од Сонцето (43 астрономски единици).

Леталото Нови Хоризонти после прелетот покрај Плутон кон крајот минатата година, доживеа четирициклусно коригирање на летот. Со негова помош, во јануари 2019 година ќе се сретнат со објектот 2014 MU69 од Кајперовиот појас. Пречникот е проценет помеѓу 21 и 40 км и овој мал замрзнат свет престојува на рабовите од Сончевиот Систем, на некои 1,6 милијарди километри од Плутон.

Доколку се замислиме какви далечини се тоа низ кои Нови Хоризонти поминува, се присетуваме на убавите стихови на големиот Јован Јовановиќ Змај:

Vidiš onu zvezdu gore,

astronom mi jedan reko’,

mozak stane kad pomisliš

kakoj’ zvezda ta daleko.

Daleko je, visoko je,

sto godina dugih prođe,

dokle njena svetla zraka,

do tvojega oka dođe.

Mi vidimo zvezdu ovu,

gledamo je kako trepti,

a nje možda davno nije,

veruješ li – verujem ti…

Превод: Александра Бошкова

Извор: Astronomski Magazin

Сподели.