Вселенското летало Нови Хоризонти ги испрати најдобрите фотографии досега од Ултима Туле

0

Сега кога леталото Нови Хоризонти ги испрати зачуваните слики назад на Земјата, тимот може ентузијастички да потврди дека неговата амбициозна цел е исполнета.

Ултима Туле 1

Најдеталните фотографии од Ултима Туле – добиени во 12:33 часот изутрина на 1 јануари – имаат резолуција од околу 33 метри по пиксел.Нивната комбинација на повисока просторна резолуција и поволна геометрија на гледање нудат невидена можност да ја испитаат површината на Ултима Туле, за која се верува дека е најпримитивниот објект кој некогаш го среќава вселенското летало.Оваа обработена сложена фотографија комбинира девет поединечни фотографии, секоја со време на експозиција од 0,025 секунди, само 6 ипол минути пред најблискиот пристап на вселенското летало до Ултима Туле (официјално наречен 2014 MU69). Фотографијата беше снимена во 12:26 часот изутрина на 1 јануари 2019 година, кога вселенското летало беше оддалечено 6 628 километри од Ултима Туле и 6,6 милијарди километри од Земјата. Аголот помеѓу вселенското летало, Ултима Туле и сонцето – познат како “фазен агол” – беше 33 степени. Заслуги:Наса/лабораторија Џон Хопкинс/Национална опсерваторија за оптичка астрономија.

Овие нови фотографии од Ултима Туле – добиени од Нови Хоризонти, само шест ипол минути пред најблискиот пристап на вселенското летало кон објектот (официјално именуван 2014 MU69) во 12:33 на 1 јануари 2019 година – понудија резолуција од околу 33 метри (33 метри) по пиксел. Нивната комбинација на висока просторна резолуција и поволен агол на гледање му дава на тимот невидена можност да ја испита површината, како и потеклото и еволуцијата на Ултима Туле, за кој се смета дека е најпримитивниот објект на кој некогаш е сретнато од вселенското летало.

„Полн погодок”, Рече главниот истражувач на Нови Хоризонти, Алан Стерн, од Југозападниот Институт за истражување. “Добивањето на овие слики бараше од нас точно да знаеме каде и Ултима Тули и Нови Хоризонти беа – момент по момент – додека тие се разминуваа еден со друг на над 51.500 километри на час во слабото светло на појасот Кујпер, милијарди милји подалеку од Плутон.“

„Овие набљудувања беа ризични, бидејќи имаше големи шанси да видиме само дел од Ултима Тули, но научните, оперативните и навигациските тимови си ја завршија работата како што треба, и резултатот излезе прекрасен за нашиот тим. Некои од деталите кои сега ги гледаме на површината на Ултима Туле,се поразлични од било кој објект истражен досега.”

Повисоката резолуција дава многу површински карактеристики кои не беа лесно забележани во претходните фотографии. Меѓу нив се и неколку светли, енигматични, грубо кружни закрпи на теренот. Покрај тоа, многу мали, темни јами во близина на терминаторот (границата помеѓу сончевите и темните страни на телото) се подобро истражени. “Без разлика дали овие карактеристики се кратери произведени од удари, сублимациски јами, колапси или нешто сосема друго, се дискутира во нашиот тим”, рече Џон Спенсер, заменик научник за проектот од Југозападниот Институт за истражување.

Научниците од Нови хоризонти го направија овој филм од 14 различни фотографии непосредно пред вселенското летало да помине покрај Ултима Туле (официјално наречен 2014 МУ69) на 1 јануари 2019 година. Централната рамка на оваа секвенца беше донесена на први јануари во 12:26 часот изутрина, кога Нови хоризонти беше 6,640 километри од Ултима Туле, околу 6.6 билиони километри од Земјата. Ултима Туле речиси целосно ја исполнува фотографијата и е совршено фатена во рамки, возбудлив технички подвиг со оглед на несигурната локација на Ултима Туле и вселенското летало Нови хоризонти, летајќи покрај него со над 51.500 километри на час. Заслуги:Наса/лабораторија Џон Хопкинс/Национална опсерваторија за оптичка астрономија.

Проект научникот Хал Вивер од лабораторијата на применета физика на Џонс Хопкинс, истакна дека најновите фотографии имаат највисока просторна резолуција на секој Нови хоризонти- или можеби некогаш- за време на целата мисија.Со 3,500 километри, Нови хоризонти летал приближно три пати поблиску до Ултима Тули, отколку што ја достигна неговата цел, Плутон, во јули 2015.

Ултима Тули е помал објект од Плутон, но прелетувањето на објектот беше направено со највисока навигациска прецизност досега направена од било кое вселенско летало. Оваа прецизност беше постигната благодарение на земните кампањи од 2017 и 2018 година, спроведени во Аргентина, Сенегал, Јужна Африка и Колумбија, како и мисијата Гаиа на Европската вселенска агенција, која обезбеди локации на ѕвездите кои се користеа за време на кампањите.

Побарајте ги овие и други фотографии, на веб страницата на Нови хоризонти оваа недела. Нови слики од камерата се објавуваат на сајтот секој петок.

Менаџерот за операции на мисијата, Алис Боуман, објави дека вселенското летало продолжува да работи безпрекорно. Нови хоризонти е речиси 6.64 милијарда километри од Земјата. На тоа растојание, радио сигналите, патувајќи со брзина на светлината, стигнуваат до големите антени на НАСА, шест часа и девет минути откако ќе ги прати Нови хоризонти.

 

Ултима Туле 2

Оваа обработена сложена фотографија ги комбинира седумте поединечни фотографии, со време на експозиција од 0,020 секунди, само 19 минути пред најблискиот пристап кон Ултима Туле (официјално наречен 2014 MU69). Фотографијата беше снимена во 12:14 часот изутрина на 1 јануари 2019 година, кога вселенското летало беше оддалечено 16.700 километри од Ултима Туле и 6.6 милијарди километри од Земјата. Аголот помеѓу вселенското летало, Ултима Туле и сонцето – познат како “фазен агол” – беше 16 степени. Заслуги:Наса/лабораторија Џон Хопкинс/Национална опсерваторија за оптичка астрономија.

Превод: Лазар Динев

Линк: https://www.nasa.gov/feature/new-horizons-spacecraft-returns-its-sharpest-views-of-ultima-thule

Сподели.