Нова планета 17 пати потешка од Земјата

0
Уметнички приказ на новооткриената планета Кеплер 10ц и лава планетата Кеплер 10б во позадина кои орбитираат околу нивната ѕвезда. Заслуги: David A. Aguilar (CfA)

Уметнички приказ на новооткриената планета Кеплер 10ц и лава планетата Кеплер 10б во позадина кои орбитираат околу нивната ѕвезда. Заслуги: David A. Aguilar (CfA)

Помеѓу стотиците новооктриени планети од страна на телескопот Кеплер, досега многумина беа прогласени за супер Земји – карпести планти кои се неколку пати поголеми од нашата. Но, за прв пат досега астрономите детектираа планета како Кеплер-10ц, карпеста планета која наликува на нашата, но е дури 17 пати поголема.

Кога Кеплер за прв пат ја здогледа оваа планета беше измерен дијаметар од 29.000 километри, што е околу 2.3 пати поголем од оној на Земјата. Потоа, научниците од Харвард – Смитсониан центарот за астрофизика ја набљудуваа планетата со телескопот Галилео, лоциран на Канарските острови и открија дека станува збор за планета со голема маса која е составена од карпи и други густи материјали. Кеплер 10ц орбитира на секои 45 дена околу ѕвезда слична на Сонцето, на околу 560 светлински години од нас. Откриената планета е формирана само 3 милијарди години по Големиот прскот, што е мошне интересно бидејќи астрономите веруваат дека биле потребни потребни милијарди години за да се создадат потешките елементи од кои би се формирале планетите.

Според некои нови студии карпестите планети може да се поголеми кога се на поголема оддалеченост од нивните ѕвезди. Ако оваа претпоставка се докаже како вистинита астрономите ќе можат да најдат уште повеќе естремно големи планети слични на Земјата.

Извор: IFLS

Превод: Михаела Стојанова

Сподели.