Нов научен труд со објаснување како „невозможниот“ ЕМ погон можеби функционира

0

Контроверзниот ЕМ погон можеби наскоро ќе стане многу помалку контроверзен ако новата хипотеза за неговото функционирање е потврдена.

Нов научен труд со објаснување како „невозможниот“ ЕМ погон можеби функционира

Моторот на ЕМ погон. Заслуги: http://emdrive.com/

Според новиот труд објавен во „AIP Advances“, од истражувачи во Финска, ЕМ погонот не е навистина мотор без гориво, па на тој начин не го нарушува третиот Њутнов закон. Физичарите претпоставуваат дека микробрановите фотони кои се инјектираат во моторот се спаруваат со Фотони кои се надвор од фаза и присутни во празнината, притоа создавајќи нарушувачка интерференција помеѓу двете.

Брановите деструктивно се мешаат кога долините на едниот бран совршено се поклопуваат со врвовите на другиот бран. Ова може да доведе до комплетно уништување на брановите, но нивната енергија се ослободува како издув.

„Нашата работа на ЕМ погонот е само додаток на проучувањето на генералните принципи. Од оваа перспектива, ЕМ погонот мора да биде мотор како секој друг,“ вели ко-авторот Арто Анила за IFL Science. „За гориво користи микробранови и исфрла нешто што во ладната Вселена ќе заврши како термички отпад. Тешко е да се види вакуумот, односно, финалниот отпад, но лесно е да се мисли дека тој е составен од спарени фотони без електромагнетно поле.“

Трудот прави храбри тврдења за Вселената како целина. Се предлага дека вакуумската енергија на Универзумот е направена само од овие фотони надвор од фаза. Па така, кога тие се формираат внатре во моторот, се чини дека ништо не излегува надвор.

Исто така, не е сè само во фундаменталната физика; Формата на моторот исто така игра улога. ЕМ моторот е скратен конус и благодарение на магнетронот може да создаде потисок од редот на 100 микроњутни (отприлика колку тежината на еден комарец на планетата Земја). НАСА наводно го тестирала погонот со години, но оваа технологија наскоро ќе подлежи на првите тестирања за јавноста.

„Фотоните ќе отскокнуваат од една до друга страна во празнината на ЕМ погонот, и непроменливо некои, во зависност од нивната форма и својства на празнината, ќе добијат ист правец, но различна насока и спротивни фази,“ вели Анила.

Истражувачите предлагаат начини на тестирање со досегашните модели, и тврдат дека постои можност да се одведат луѓе до Марс за само 70 дена, како и предлози за дизајнирање на нови модели од овој мотор.

„Издувот од спарени фотони може во принцип да се детектира од интерферометар, сличен уред на оној за детекција на гравитациски бранови, но мерењето нема да помине лесно,“ додаде Анила. „Кога би пронашле подобар погон имајќи ја оваа хипотеза на ум, тоа ќе биде потврда за нејзината вистинитост. Доказот за постоењето на пудингот е во неговото јадење.“

Превод: Бобан Панов

Извор: IFL Science

Сподели.