Овој меѓуeѕвезден објект би можел да биде првата ненепроменета комета што сме ја виделе

0

Според нашето ограничено искуство, кометата 2I/Борисов е единствена. Откриена е во август 2019 година, на траекторија што може да значи само едно – објектот дошол надвор од нашиот Сончев систем. Тоа беше првата позната комета што нè посети од меѓуѕвезденот  простор и претставуваше единствена можност за проучување на формирањето на егзокомета.

Нова анализа докажува дека 2I/Борисов е многу повеќе посебна од она што мислевме. Врз база на испитување на правот од кометата, научниците утврдиле дека станува збор за најнепроменета комета која сме ја виделе досега. Ова сугерира дека кометата не се приближила до ѕвезда, а најблиску што била до нашето Сонце е во 2019 г. што значи дека во суштина е непроменета откако се формирала од прашина. „2I/Борисов би можела да претставува прва навистина непроменета комета која досега е забележана“ изјави астрономот Стефано Бањуло од опсерваторијата и планетариумот Армаг во Северна Ирска.

Како што се креваат гасовите од кометата (т.н. кома), тие со себе носат честички од прашина, при што ја создаваат  комата од прашина. Притисокот од сончевата радијација и сончевиот ветер го оттурнуваат гасот и прашината, при што се формира опашката на кометата, и токму затоа опашките им се во спротивна насока од Сонцето.

борисов

Уметнички приказ на 2I/Борисов. Заслуги: ESO/M. Kormesser

Во првиот труд, Бањуло и неговите колеги внимателно ја проучиле светлината која се распрснува од прашината во комата. Односно, тие ја проучувале поларизацијата на оваа светлина. Како што патуваат честичките низ просторот, нивните осцилации се насочени во одреден правец. Ако се распрснати од прашина во меѓуѕвезден медиум или пак се изротирани од магнетно поле, нивниот правец може да се промени. Оваа промена ја нарекуваме поларизација и може да ни даде информации за околината од која што потекнуваат. Неодамна, овие честички ја открија формата на магнетното поле околу супермасивна црна дупка. Кај комети помага да се откријат својствата на комата од прашина.

 

Многу комети се проучени со помош на поламетрија и Бањуло и неговиот тим ги споредија нивните податоци за 2I/Борисов со комети од Сончевиот систем. Открија дека светлината од нашиот меѓуѕвезден „натрапник“ е значително повеќе поларизина од светлината која е распрскана од страна на кометите од Сончевиот систем.

Според претходни студии, повисоката поларизација е поврзана со пообилни и помали зрна прашина, што сугерира дека кометата се уште не била во допир со притисок од радијација и сончев ветер кој би ја оддувал прашината.

Едиствената комета од Сончевиот систем која има сличен профил на проларизација е кометата Хејл-Боп, за која се смета дека само еднаш досега поминала до Сонцето и тоа во 1997 г., при што имала минимална изложеност на радијација и ветер. Сепак, 2I/Борисов е различна бидејќи нејзината поларизација е униформна, што значи дека е помалку променета дури и од кометата Хејл-Боп.

„Фактот што двете комети се неверојатно слични сугерира дека околината во која 2I/Борисов се создала не е различна од составот на околината на раниот Сончев систем“ изјави астрономот Алберто Челино од Националниот институт за астрофизика на Италија. За вториот труд, тим на научници предводен од астрономот Бил Јанг од Европската јужна обсерваторија ги истражуваше зрната прашина и комата.

Комата од прашина се состои од компактни „камчиња“ со радиус поголем од 1 милиметар, сосема различно од лабавите агрегати кои вообичаено се наоѓаат околу кометите од Сончевиот систем. Тие велат дека набивањето е резултат на взаемни влијанија од судири во протопланетарниот диск во којшто биле формирани кометите, што укажува дека кометата е формирана од карпи кои се судриле и взаемно се залепиле.

Ова укажува дека дистрибуцијата на материја во јадрото на кометата не е еднакво. Според тимот, тоа може да се случи доколку оддалеченост на кометата од нејзиниот матична ѕвезда се променила при нејзиното формирање, вознемирено од гравитациските влијанија на млади гасовите џинови. Под овие пертурбации, кометата во формирање може да била поместена кон различна локација надвор од линијата на мраз (точка на која испарувањата замрзнуваат во зрна од мраз) со различно хемиско изобилие.

Тимот вели дека ова мешање е слично на процесите кои се одвивале во раниот Сончев систем. Но, наместо да добие долга орбита околу својата ѕвезда, 2I/Борисов била оттурната во меѓуѕвездениот простор. Потоа, следеше близок прелет до друга ѕвезда, нашето Сонце, при што астрономите добија неверојатна можност да научат повеќе за условите на планетарно формирање во друг систем, далеку од дома.

„Замислете колку сме среќни што комета од систем оддалечен светлосни години од нас едноставно допатува до нашиот праг по некоја случајност“ изјави Јанг.

Ова истражување е објавено во Nature Communications и Nature Astronomy.

Превод: Софија Спировска

Извор: sciencealert.com

Сподели.