Не се детектирани вонземски сигнали од астероидот-пура

0

Досега не се детектирани вонземски сигнали од меѓуѕвездениот астероид-пура откриен во октомври. Објектот наречен Оумуамуа бил забележан од неколку Земјини телескопи пред два месеци. Поради неговата чудна траекторија, веднаш било заклучено дека е дојден однадвор од Сончевиот Систем – што го прави првиот ваков објект детектиран во нашиот Сончев Систем. Со должина од 400 метри и широчина од 40 метри, тој е невообичаен и досега незабележан вид на астероид. По откритието минатиот месец, проектот Breakthrough Listen се посвети на потрагата по знаци на вонземска интелегенција на астероидот преку детекција на вештачки сигнали. Овој четврток (14.12.2017) истражувачите од проектот соопштија дека не се детктирани вавки сигнали, но исто така и дека анализата сè уште не е завршена.

Не се детектирани вонземни сигнали од астероидот-пура

Уметничка претстава за астероидот Оумуамуа. Заслуги: ESO/M. Kornmesser

Името Оумуамуа на хавајски значи „гласник“ или „извидник“. Овој извидник патувал низ Вселената можеби и дури стотици милиони или милијарди години. Пред неговото откритие за ниту еден од познатите 750,000 астероиди и комети во Сончевиот Систем не се сметало дека потекнуваат од некаде надвор од него. Овој астероид најверојатно бил исфрлен од својот ѕвезден систем пред милијарди години, пред случајно да се сретне со нашиот Сончев Систем. Според НАСА, објектот патува со брзина од 38,3 km/s релативно на Сонцето, и се наоѓа на 200 милиони километри од Земјата. Во ноември мина низ орбитата на Марс, а ќе ја премине орбитата на Јупитер во мај 2019 година, пред да премине зад орбитата на Сатурн во јануари истата година.

Превод: Максим Осман-Николов

Извор: Phys

Сподели.